Без изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Без изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    Без изговори! Користи зимска опрема за безбедно учество во сообраќајот во зима
    18 декември 2018

    Сообраќајните незгоди и трагедиите што секојдневно, во голем број, се случуваат на патиштата ширум земјава, како да не се доволни за да се разбуди свеста и одговорноста кај сите возачи. За жал, и покрај тоа што временските услови од ден на ден сѐ повеќе се влошуваат, што е нормално и очекувано за овој период од годината, сепак, голем број возачи не ја почитуваат законската обврска за носење и за користење зимска опрема.

    Влажни и замрзнати коловози, поледица, голомразица, остатоци од кашест снег на коловозот, ниски температури, обилни и помалку обилни врнежи од снег. Тоа е реалноста во зима. Временски услови и состојба на патиштата сосема нормална и очекувана. Ваша обврска како возач е да го подготвите вашето возило и да се подготвите за безбедно учество во сообраќајот.

    „Тешка сообраќајна незгода. Возило излетало од патот поради поголема брзина и лизгав коловоз“,  „Заглавени возила на патот. Голем дел од возачите не користеле зимска опрема“, „Голем број изречени казни за неносење зимска опрема“ – се најчестите вести во делот на сообраќајна хроника што секојднево се објавуваат на електронските и на печатените медиуми во зимскиот период од годината. Но, наместо да се извлече поука и да се преземат конкретни дејствија, голем број возачи поминуваат покрај оваа вест како нешто сосема нормално. Ништо ново и ништо страшно, што би рекле самите тие.

    Дали навистина не е страшно? Дали фактот што секојдневно гинат лица на патиштата, не е нешто страшно? Дали не се згрозувате од страшните глетки на искршени возила, од глетката на крв и солзи на патиштата? Дали полицискиот билтен и болничките извештаи за настрадани лица во сообраќајни незгоди навистина не ве загрижуваат?

    Убедени сме дека нема човек кој не се замислува барем за момент кога ќе види и ќе слушне трагична вест за настрадани лица во сообраќајна незгода. Прашањето е, што преземате за да се заштитите? Дали обезбедивте зимска опрема за вашето возило? Користите ли зимски гуми? Направивте ли превентивен технички преглед на вашето возило? Кога ќе го подготвите возилото за возење во зима? Сега, или ќе жалите цел живот зошто не сте го направиле тоа откако ќе се случи сообраќајна незгода?

    Многу прашања чии одговори ги знаат сите возачи, но избираат да ги премолчат или да ги избегнат.  Бегањето од одговорите, барањето изговори и оправдувања, никогаш и никому не донело ништо добро. 

    И покрај тоа, голем број возачи, наместо да ја исполнат својата законска обврска за носење и за користење зимска опрема, избираат да го решат проблемот со изговори.

    Па така, секојдневно можеме да слушнеме изговори од типот: „Оваа година нема да има многу снег и поледици, па не морам да ги менувам гумите“, „Во зима не возам многу и не ми се прави трошок за набавка на зимска опрема“, „Скапи се зимските гуми, не давам пари за тоа“, „Ниедна зима не користам зимска опрема, па ништо не ми се случило“, „Летните гуми се супер, не ми требаат нови гуми“, „Не знам да местам синџири за снег и затоа не ги користам“, „Не ги сакам зимските гуми, многу се бучни“, „Ставам зимски гуми само на двете погонски тркала, тоа е доволно. Некои не ставаат воопшто“.

    Многу изговори, малку решенија. Затоа РСБСП со препорака: Без изговори и без оправдувања. Крајно време е да се направи зимска подготовка на возилото. Користи зимска опрема и учествувај безбедно во сообраќајот. Изговорите не ги решаваат проблемите и не ги отстрануват опасностите.

    Исполни ја својата законска обврска пред да биде доцна и избегни катастрофални последици. Во зима со зимска опрема! За безбедно патување. Биди одговорен возач!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    НЕ – за мобилен телефон зад воланот! Без изговори, без оправдувања.
    Следна Објава:
    Кампањата „БЕЗ ИЗГОВОРИ“ со активности во осум градови низ Македонија
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS