Апел по повод 2. Август Ден на Републиката – Илинден – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Апел по повод 2. Август Ден на Републиката – Илинден

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    31 јули 2026

    По повод одбележувањето на 2. Август Ден на Републиката – Илинден, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот за зголемена одговорност и почитување на сообраќајните правила и прописи.

    За време на претстојниот празничен викенд се очекува зголемена раздвиженост на сите категории учесници во сообраќајот особено на патните правци кон туристичките места Охрид, Преспа, Дојран, Крушево, Пелинце, излетничките места и кон граничните премини.
    Во услови на зголемен интензитет на сообраќајот, внимателното и одговорно учество во сообраќајот е клучен предуслов за зачувување на безбедноста на сите учесници.

    Во таа насока Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите учесници во сообраќајот:
    • да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи;
    • да го почитуваат ограничувањето на брзината на движење со возилата согласно поставената сообраќајна сигнализација, густината на сообраќајот и условите на патот;
    • да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол и недозволиви психотропни супстанци или во состојба на замор;
    • задолжително да користат сигурносен појас, а децата на возраст до пет години да се превезуваат во соодветни детски седишта;
    • да не користат мобилен телефон или други електронски уреди за време на управување со возило;
    • пред поаѓање на пат да ја проверат техничката исправност на возилото, а долгите патувања на секои два часа возење да прават паузи.
    • Велосипедистите, мотоциклистите, возачите на лесни електрични возила и пешаците да се движат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.

    Секое одговорно однесување во сообраќајот претставува придонес кон зачувување на човечките животи. Да не дозволиме еден момент на невнимание, брзо возење или неодговорна одлука да доведат до несакани последици.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата им го честита празникот 2. Август Денот на Републиката – Илинден на сите граѓани и им посакува безбедно патување и пристигнување до саканата дестинација.

    Возете одговорно ”Секој живот е важен”

    " 2 Август, Апел, Втори Август, Илинден, Препораки, РСБСП
    Претходна Објава:
    Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент невнимание – #НеКористиМобиленТелефон
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ангеловски на работилница за одржлива урбана мобилност – дел од активностите за унапредување на безбедноста на сообраќајот

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    Последни објави од РСБСП

    • Апел по повод 2. Август Ден на Републиката – Илинден
    • Животот е премногу вреден за да го изгубите поради мал момент невнимание – #НеКористиМобиленТелефон
    • Кампања на РСБСП и МВР за безбедно управување на лесни електрични возила

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS