Тркалезна маса на тема „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Северна Македонија и националниот хуманитарен систем” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
      • Безбедно дете
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Тркалезна маса на тема „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Северна Македонија и националниот хуманитарен систем”

    1. Насловна
    2. Активности
    24 ноември 2026

    На 23.11.2026 година, претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), м-р Горан Ангеловски, на покана на Црвениот крст на Република Северна Македонија, учествуваше на тркалезна маса посветена на улогата на хуманитарната дипломатија во јакнењето на националниот хуманитарен систем и градењето поотпорни заедници.

    Настанот беше организиран под мотото „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Северна Македонија и националниот хуманитарен систем”, а на него учествуваа претставници на институциите, академската заедница, локалната самоуправа, граѓанскиот и корпоративниот сектор.

    Во рамките на тркалезната маса свои обраќања имаа:

    • д-р Беким Сали, прв заменик на претседателот на Владата и министер за европски прашања;
    • д-р Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија;
    • м-р Владо Мисајловски, министер за одбрана;
    • м-р Бесар Дурмиши, министер за економија и труд;
    • м-р Бојан Стојаноски, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија;
    • проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет при УКИМ;
    • д-р Маја Стевкова Штериева, главен финансиски директор на АД Комерцијална банка;
    • Славче Трпески, секретар на Град Скопје.

    На настанот беа отворени значајни прашања поврзани со унапредувањето на хуманитарното дејствување, јакнењето на институционалната соработка и градењето поотпорни заедници, при што беше нагласена важноста на партнерството и координацијата меѓу институциите во справувањето со современите општествени и хуманитарни предизвици.

    Учеството на РСБСП на оваа тркалезна маса претставува потврда за определбата на Советот за активно вклучување во иницијативи кои придонесуваат за развој на општествената одговорност, хуманоста, безбедноста и институционалната соработка.

    💟 Секој живот е важен. 🚦❤️

    " Активности, ВозиОдговорно, Горан Ангеловски, МВР, РСБСП, Црвен Крст
    Претходна Објава:
    „МОМЕНТ ЗА ЖИВОТ“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Тркалезна маса на тема „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Северна Македонија и националниот хуманитарен систем”

    РСБСП ГО ОДБЕЛЕЖА СВЕТСКИОТ ДЕН НА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

    РСБСП и МВР со едукативна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“

    Последни објави од РСБСП

    • Тркалезна маса на тема „Хуманитарната дипломатија како инструмент за обликување на иднината на Црвениот крст на Република Северна Македонија и националниот хуманитарен систем”
    • „МОМЕНТ ЗА ЖИВОТ“
    • „МОМЕНТ ЗА ЖИВОТ“ – РЕГИОНАЛНА КАМПАЊА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS