РСБСП, МВР и ОКТА со заедничка превентивна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), заедно со Министерството за внатрешни работи и ОКТА, учествуваше во реализацијата на превентивна активност во рамки на кампањата „Јас внимавам“, која се одржа на бензинската станица на ОКТА во Карпош.
Целта на активноста беше преку директна комуникација со граѓаните да се подигне свеста за важноста на внимателното и одговорно однесување во сообраќајот, како и за ризиците што произлегуваат од управување возило под дејство на алкохол.
Посетителите имаа можност преку интерактивно искуство да се запознаат со ефектите од алкохолот врз способноста за возење. Со користење на специјални симулациски очила, кои го имитираат влијанието на алкохолот врз човековите сетила, учесниците изведуваа едноставни активности и од непосредна близина увидоа колку алкохолот негативно влијае врз координацијата, ориентацијата и правилната проценка на сообраќајните ситуации.
Во рамки на настанот, претставници на РСБСП и МВР разговараа со граѓаните за значењето на одговорното учество во сообраќајот и потсетија дека секоја одлука зад воланот има директно влијание врз безбедноста на сите учесници на патиштата.
РСБСП и понатаму активно поддржува и се вклучува во активности кои придонесуваат за јакнење на сообраќајната култура, подигнување на јавната свест и намалување на ризиците од сообраќајни незгоди.
🚦 Јас внимавам – Внимавај и ти!
#ЈасВнимавам #РСБСП #ОКТА #МВР #БезбедностВоСообраќајот #ВозиОдговорно #СекојЖивотЕВажен

