МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот. – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
      • Безбедно дете
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот.

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    30 октомври 2026
    „Внимавај за да стигнеш. За да стигнеме сите“ е главната порака на новата општествено одговорна кампања во рамки на едукативната платформа „Јас внимавам“, која започнува денеска (29.10.2026), а ја спроведува ОКТА во соработка со Министерството за внатрешни работи (МВР) и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
    Кампањата поаѓа од фактот дека во сообраќајот сите сме поврзани и дека однесувањето на секој поединец директно влијае врз безбедноста на останатите учесници. Во фокусот се вниманието, одговорноста и навременото препознавање на ризиците, со цел спречување на сообраќајните незгоди и заштита на човечките животи.
    „Безбедноста во сообраќајот започнува со почитување на правилата, но и со свесност дека секоја наша постапка може да влијае врз другите. Возачите треба постојано да ја следат сообраќајната ситуација, да ги проверуваат ретровизорите и мртвите агли и да не дозволат мобилниот телефон или други фактори да им го одвлечат вниманието. Истовремено, сите учесници треба да бидат внимателни и одговорни во своето движење. Преку поддршката на кампањата „Јас внимавам“ сакаме дополнително да ја нагласиме важноста на превенцијата и на одговорното однесување во сообраќајот“, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
    Со креативниот концепт „Што пропушташ кога не внимаваш?“, кампањата ги поттикнува граѓаните да ги препознаат опасностите што често остануваат незабележани, особено оние предизвикани од одвлекување на вниманието и користење мобилни телефони. Активностите ќе се реализираат преку различни комуникациски канали и на терен, со посебен акцент на видливоста, правилната процена на ризиците и заштитата на ранливите учесници во сообраќајот – пешаците, велосипедистите и корисниците на тротинети.
    „Преку платформата ‘Јас внимавам’, ОКТА континуирано инвестира во подигнување на јавната свест за поголема безбедност во сообраќајот. Годинава кампањата е насочена кон поттикнување на поголема лична одговорност и самосвесност кај сите учесници во сообраќајот, охрабрувајќи ги да застанат за момент и да размислат што можеби превидуваат додека управуваат возило, преминуваат улица или се движат со велосипед, мотоцикл или тротинет.
    Веруваме дека преку одговорно однесување и поголема грижа кон луѓето околу нас можеме заеднички да придонесеме кон побезбедна сообраќајна средина. Бидејќи нашата цел не е само секој поединец безбедно да стигне до својата дестинација, туку сите безбедно да стигнеме до својата цел“, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор на ОКТА.
    „Секојдневното учество во сообраќајот бара постојано внимание, добра процена и одговорност. Затоа е важно да не се потпираме на претпоставки, туку да провериме уште еднаш, да го насочиме вниманието кон патот и да бидеме свесни за сите околу нас. Со ваквите иницијативи сакаме да поттикнеме сообраќајна култура во која секој учесник се грижи не само за сопствената, туку и за безбедноста на другите“, изјави Горан Ангеловски, претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
    Едукативната платформа „Јас внимавам“ беше започната од ОКТА во 2017 година, а низ годините опфати бројни активности за унапредување на сообраќајната култура, едукација на децата, подобрување на безбедноста на пешаците и поддршка на ранливите категории учесници во сообраќајот.
    Со новата кампања, МВР, ОКТА и РСБСП ја продолжуваат заедничката заложба за подигнување на свеста и развивање одговорни навики кај сите учесници во сообраќајот, со јасна порака дека безбедноста на патиштата е заедничка одговорност, а секој спасен човечки живот е најважниот резултат.
     
    " Безбедност, ВозиОдговорно, Кампања, Кампањи, МВР, Окта, РСБСП
    Претходна Објава:
    „УЧАМ – ПОЛАГАМ – ВОЗАМ“ – РСБСП СО ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИДНИТЕ МЛАДИ ВОЗАЧИ
    Следна Објава:
    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    РСБСП НА СВЕЧЕНАТА АКАДЕМИЈА ПО ПОВОД 65 ГОДИНИ ТЕХНИЧКИ ФАКУЛТЕТ – БИТОЛА

    РСБСП ОБЕЗБЕДИ 33 НОВИ ПОЛИЦИСКИ МОТОЦИКЛИ И КОМПЛЕТНА МОТОЦИКЛИСТИЧКА ОПРЕМА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МВР

    Последни објави од РСБСП

    • Претседателот на РСБСП дел од „XV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    • МВР, ОКТА и РСБСП со нова кампања за поголема безбедност во сообраќајот.
    • „УЧАМ – ПОЛАГАМ – ВОЗАМ“ – РСБСП СО ЕДУКАТИВНА КАМПАЊА ЗА ИДНИТЕ МЛАДИ ВОЗАЧИ

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS