Кампања на РСБСП и МВР за безбедно управување на лесни електрични возила – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кампања на РСБСП и МВР за безбедно управување на лесни електрични возила

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    23 јули 2026

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи ги потсетуваат граѓаните дека во сила е Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, објавен во Службен весник на 06.07.2026. Со овој закон, меѓу останатото се направени измени и дополнувања на правилата кои го регулираат сообраќајот на електричните тротинети и тоа:

    – Направена е измена на дефиницијата на овој тип возила која гласи: „Лесно електрично возило” е возило со најмалку две тркала, кое се движи на електричен погон со помош на електромотор, при што силата на електромоторот не надминува повеќе од 0,6 kW, чија конструкциски најголема дозволена брзина не е поголема од 25 km/h и чија маса без товар не надминува 35 kg;”,
    – Минималната возраст за управување со лесно електрично возило е зголемена на 18 години,
    – Максималната брзина на движење со лесно електрично воило по велосипедска патека односно лента е ограничена на 20 км/час, додека по патека за велосипедисти и пешаци, тротоар, пешачка патека односно друга површина наменета за движење на пешаци, ограничувањето останува на 6 km/h.
    – Возачот на велосипед, велосипед со помошен мотор, мопед и лесно електрично возило при преминување на коловозот, како и при преминување на обележан пешачки премин е должен да го турка возилото доколку нема обележана лента, односно патека за тој вид на возила.
    – Возачот на лесно електрично возило не смее да превезува други лица, односно не смеат да се превезуваат други лица за време на управувањето со возилото. Покрај глобата за возачот, се предвидува и глоба за лицето кое се превезува со возилото,
    – Се воведува обврска за возачот на лесно електрично возило задолжително да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото, а обврската за носење рефлектирачки елек од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, останува на сила и понатаму,
    – Возач на лесно електрично возило не смее да управува со возилото во сообраќајот на патот, ниту да започне да управува со возилото ако во организмот има алкохол или ако покажува знаци на алкохолна растроеност, за што се предвидени глоби во зависност од утврдената содржина на алкохол во крвта на возачот,
    – Покрај утврдените глоби за возачите на лесни електрични возила, односно родител или старател на дете кое сторило прекршок, за одредени прекршоци се предвидува и привремено одземање на возилото во времетраење од 30 дена.

    Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со засилени превентивни и репресивни активности, како и со континуирани контроли на терен со цел обезбедување поголема безбедност во сообраќајот.

    Министерството за внатрешни работи потсетува дека секој учесник во сообраќајот има лична одговорност за безбедноста – својата и на останатите. Почитувањето на законите не е само законска обврска, туку и чин на одговорност, култура и грижа за човечкиот живот.
    Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност. Да ги почитуваме правилата, да возиме совесно и да придонесеме за побезбедни патишта за сите.

    Апелираме до сите возачи на лесни електрични возила, како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел намалување на сообраќајните ризици и зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    " Едукација, забрана, Закон, Кампања, кацига, малолетници, МВР, нови правила, обрски, РСБСП, Тротинети
    Претходна Објава:
    ИЗВЕСТУВАЊЕ: Влегува во сила Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ангеловски на работилница за одржлива урбана мобилност – дел од активностите за унапредување на безбедноста на сообраќајот

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    Последни објави од РСБСП

    • Кампања на РСБСП и МВР за безбедно управување на лесни електрични возила
    • ИЗВЕСТУВАЊЕ: Влегува во сила Законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата
    • РСБСП и АБС Србија од Г.П. Табановце ја започнаа летната кампања „Вози одморен!“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS