Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Горан Ангеловски, учествуваше на „XXI Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“, која се одржа од 22 до 25 Април 2026 год во Врњачка Бања, Република Србија, во организација на „БСЗЛ Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“ и Советот за безбедност на сообраќајот со поддршка од Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на и МВР на Република Србија.

На конференцијата, која обедини бројни експерти, професори и професионалци од областа на сообраќајната безбедност, претседателот Ангеловски се претстави со своја презентација и излагање, преку кои ги запозна присутните со мисијата, визијата и активностите на РСБСП.

Во своето обраќање, тој ја нагласи важноста на превенцијата, едукацијата и меѓуинситуционалната соработка како клучни алатки за унапредување на безбедноста на патиштата.

Ангеловски потенцира дека соработката со меѓународни институции и организации претставува значајна основа за успешното и ефективно работење на Советот, и во идниот период ќе продолжи со активности насочени кон размена на искуства, добри практики и заеднички проекти во оваа важна општествена област.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со учесниците го претстави и сподели својот придонес во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот, како дел од заложбите на Советот за создавање побезбеден сообраќај за сите.