Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на кампањите за зголемување на безбедноста во сообраќајот, започна со реализација на кампањата за поголема безбедност на младите во сообраќајот – посветена на матурантите, под мотото „На матурска прослава без автомобил!“

Со денешниот настан, кој се одржа во средното училиште СУГС „Владо Тасевски“ како почеток на кампањата во рамки на која започнуваат серија на теренски активности во организација Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишата, Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, МВР и Факултетот за безбедност – Скопје. Почетокот на кампањата беше одбележан со предавање пред учениците од четврта година – матуранти од училиштето.
„За време на матурските прослави не треба да консумирате алкохол и да управувате со моторно возило, односно треба да направите матурските прослави да Ви бидат чин кој ќе го паметите целиот живот. Да не дозволиме некое несовесно и неодговорно однесување во сообраќајот да заврши со трагичен крај – апелираше Ангеловски“
Кампањата ќе продолжи со низа активности, кои ќе се реализираат во средните училишта во Македонија.

Со оваа кампања, РСБСП испраќа јасна порака:
ПРОСЛАВУВАЈ ОДГОВОРНО – СЕКОЈ ЖИВОТ Е ВАЖЕН!