РСБСП во Струмица со едукативно предавање за повозрасните граѓани во рамки на „Недела на пешаците“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП во Струмица со едукативно предавање за повозрасните граѓани во рамки на „Недела на пешаците“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    7 април 2026

    РСБСП на терен денеска во Струмица во Пензионерскиот дом „Бинго“, каде беше реализирана превентивно-едукативна активност и едукативно предавање во рамки на „Неделата на пешаците“ која се спроведува од 01 до 07 Април, како дел од националната кампања „Безбедноста на пешаците – одговормост на сите нас“, во организација на Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Едукативното предавање беше организирано во соработка со Одделение за превенција при СВР Струмица и Општински совет за безбедност на сообраќајот Струмица, со активно учество на претставници од институциите и граѓани. Со фокус на повозрасната популација како една од најранливите групи учесници во сообраќајот.

    На настанот присуствуваа и градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков, како и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, кои ја истакнаа важноста од континуирана едукација и заедничка акција за зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот.

    Целта на овие активности е подигнување на јавната свест и унапредување на сообраќајната култура, со посебен фокус на пешаците како една од најранливите категории учесници во сообраќајот, како и директно придонесување кон намалување на бројот на настрадани пешаци во сообраќајни незгоди.

    Кампањата „Безбедноста на пешаците – одговормост на сите нас“ продолжува и во наредниот период со низа активности низ државата, насочени кон создавање побезбедна сообраќајна средина за сите под мотото „Секој живот е важен“

    " Активности, Безбедност, ВозиОдговорно, Горан Ангеловски, Пешаци
    Претходна Објава:
    РСБСП со нова кампања ја започнува „Недела на пешаците“ и побезбеден сообраќај за пешаците
    Следна Објава:
    РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај
    • Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија
    • РСБСП започнува со кампања насочена кон матурантите „На матурска прослава без автомобил”

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS