Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнува со спроведување на кампања посветена на унапредување на сообраќајната култура и улогата на правилното паркирање во градењето на побезбеден сообраќај на патиштата.
Јавниот простор е заедничка вредност и заедничка одговорност. Непрописното паркирање, паркирањето на или во близина на пешачки премини, велосипедски патеки, тротоари и пристапи за лица со попреченост не претставува само прекршок – тоа е директно загрозување на безбедноста и правото на другите учесници безбедно да учествуваат во сообраќајот.
Непрописно паркираните возила, возилата кои ги прекршуваат забраните за застанување и паркирање:
– Го нарушуваат протокот на сообраќајот и ја намалуваат прегледноста;
– Претставуваат ризик по безбедноста, особено за пешаците и децата;
– Влијаат на секојдневниот квалитет на живот во урбаните средини.
Нашите индивидуални постапки во сообраќајот влијаат врз поголема група на луѓе, токму затоа преку оваа кампања упатуваме повик до сите сопственици и возачи:
✔ Паркирајте совесно и во согласност со прописите.
✔ Почитувајте ги обележаните зони и пристапите за ранливите категории.
✔ Постапете одговорно со хаварисаните возила и обезбедете нивно навремено отстранување.
Уреденото паркирање не е само формалност – тоа е показател на самосвест, култура, дисциплина и почит кон заедницата.
Безбедниот сообраќај не се однесува само на движењето, туку и на паркирањето на возилата.
Да изградиме средина во која редот, одговорноста и безбедноста во сообраќајот е заедничка заложба и успех.
Паркирај совесно- Постапувај одговорно