Со започнувањето на второто полугодие од учебната година, се зголемува присуството на деца како пешаци и учесници во сообраќајот, особено во зоните околу основните училишта и детските градинки. Имајќи ја предвид нивната ранливост и ограничената способност за навремена проценка на сообраќајните ситуации, безбедноста на децата во сообраќајот претставува приоритет од највисок јавен интерес.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование и наука, континуирано ги реализира превентивно-едукативните активности во рамки на кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“, насочени кон унапредување на сообраќајната култура и подигање на нивото на безбедно однесување кај најмладите учесници во сообраќајот.
Преку едукативни предавања и практични активности во образовните установи, децата се стекнуваат со основни знаења и вештини за безбедно учество во сообраќајот. Истовремено, се нагласува значењето на улогата на родителите и возачите како клучни фактори во градењето на безбедни навики и одговорно однесување.
Во овој период на зголемен интензитет на сообраќај, РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот за строго почитување на сообраќајните правила и зголемена внимателност, особено во близина на училишта, пешачки премини и зони со смирен сообраќај.
Апел до возачите и родителите
Пораки до децата – пешаци
РСБСП потсетува дека непочитувањето на сообраќајните правила претставува сериозен ризик по безбедноста на децата и може да доведе до тешки последици. Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност и бара континуирано внимание, дисциплина и соработка од сите.
Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира:
„Да ги заштитиме децата во сообраќајот-секој детски живот е важен“