Новогодишна кампања за среќна и безбедна 2025 година – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Новогодишна кампања за среќна и безбедна 2025 година

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    17 декември 2024

    Денес Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност ‒ Скопје, започна со спроведување на Новогодишна кампања за среќна и безбедна 2025 година.

    Во оваа насока, на подрачјето на Градот Скопје, претседателот на РСБСП м-р Горан Ангеловски заедно со Министерот за внатрешни работи г-дин Панче Тошковски, деканот на Факултетот за безбедност – Скопје д-р Јонче Ивановски, како и полициски службеници од  Одделението за превенција при СВР Скопје, реализираа активности од кампањата кои се состоеjа од делење на превентивно-едукативен материјал и укажување на возачите на важноста од почитување на правилата и прописите во сообраќајот, особено за време на претстојните новогодишни и божиќни празници.

    На возачите им се препорача да се воздржат од консумирање алкохол кога планираат да управуваат со моторно возило, а доколку консумираат алкохол да користат такси услуги или јавен превоз, да ја прилагодат брзината на движење на возилата според условите на патот, да користат сигурносен појас, да не користат  мобилен телефон за време на управувањето со возилото и сл.

    Со кампањата се упатува апел до учесниците во сообраќајот за одговорно учество во сообраќајот и внимателно возење за време на претстојните празници,  почитување на сите категории учесници во сообраќајот, како и за поголема сообраќајна култура со цел постигнување на повисоко ниво на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

    Во оваа прилика, РСБСП на сите учесници во сообраќајот на патиштата им ги честита новогодишните и божиќните празници и им посакува безбедна 2025 година.

    " Автомобили, Активности, Безбедност, ВозиОдговорно, Горан Ангеловски, Кампања, МВР, Новогодишна Кампања, Панче Тошковски, Претседател РСБСП, РСБСП, Скопје, Факултет за безбедност
    Претходна Објава:
    Точка.мк: Тошковски во превентивна акција заедно со РСБСП и Факултетот за безбедност
    Следна Објава:
    Макфакс: Тошковски во превентивна акција заедно со РСБСП и Факултетот за безбедност
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници
    • РСБСП во Струмица со едукативно предавање за повозрасните граѓани во рамки на „Недела на пешаците“
    • РСБСП со нова кампања ја започнува „Недела на пешаците“ и побезбеден сообраќај за пешаците

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS