ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ

    1. Насловна
    2. Активности
    ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ
    11 мај 2023

    11 мај, од 2015 година, во светот традиционално се празнува како „Ден на културата во сообраќајот“. И РСБСП секоја година се приклучува кон активностите за одбележување на овој значаен ден со цел подигнување на свеста на сите учесници во сообраќајот за законско, етичко и толерантно однесување, со што ќе се постигне и поголема безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Секој учесник во сообраќајот со своите сфаќања, со движењето и начинот на однесување во сообраќајот директно влијае врз одвивањето и безбедноста на сообраќајот на патиштата. Притоа, се мисли не само на поседување на вештини за управување со возило, или на познавање на законските правила и прописи, туку и на нивното безусловно почитување и примена. Ваквото позитивно перцепирање на односите во сообраќајот е основната нишка на сообраќајната култура која треба да ја поседува секој учесник во сообраќајот без оглед дали станува збор за пешак, возач на моторно возило, патник, велосипедист, мотоциклист итн.Сообраќајната култура е дел од личноста на човекот и претставува одраз на неговиот карактер и како човек и како учесник во сообраќајот, а се воспоставува уште од најраната возраст. Токму затоа РСБСП посебно внимание посветува на реализацијата на активности наменети за најмладите со цел нивно запознавање со сообраќајот, сообраќајните правила и прописи, како и со одговорното и совесно однесување во сообраќајот, со што ќе се овозможи тие да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот на патиштата. Во таа насока е и континуираната соработка со воспитно-образовните институции во реализацијата на бројни кампањи и активности за издигнување на сообраќајната култура на повисоко ниво со што се создаваат услови за изградба на систем на општествени вредности во кој безбедноста во сообраќајот, културата и етиката во сообраќајот ќе заземат соодветно и значајно место.

    РСБСП и во иднина ќе продолжи да реализира превентивно-едукативни кампањи затоа што повисокото ниво на сообраќајна култура е основен предуслов за побезбеден сообраќај, односно за намалување на сообраќајниот метеж, намалување на бројот на сообраќајни незгоди и настраданите лица во истите.

                   Затоа, на Денот на културата во сообраќајот, РСБСП упатува апел:

    „Да го почитуваме секој учесник во сообраќајот, да бидеме внимателни, одговорни и толерантни, и преку сопствениот пример да придонесеме за развивање на културата и безбедноста во сообраќајот.“

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
    Следна Објава:
    Велосипедистите и мотоциклистите возеа дефиле за поголема безбедност во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS