ПЕШАЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ – РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ПЕШАЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ – РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    ПЕШАЦИТЕ И ВОЗАЧИТЕ – РАМНОПРАВНИ УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ
    12 април 2023

    Овој период од годината се карактеризира со зголемување на температурите и одбележување на Велигденските празници што значи дека е зголемено движењето на пешаците, а зголемен е и бројот на возила кои се упатуваат на викенд дестинации или на подалечни патувања.

    Токму затоа, во месец април, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност од Скопје, реализираат кампања за безбедност на пешаците под мотото „И јас и ти – сите сме пешаци“. 

    Целта на кампањата е подигање на свесноста на пешаците за опасностите со кои може да се соочат во сообраќајот, како и за подобрување на нивната безбедност.

    Кампањата ќе се реализира во повеќе населени места низ целата држава, а ќе се спроведува преку превентивно-едукативни активности во директна комуникација со пешаците и возачите заради изградување на правилни сообраќајни навики и етичко однесување на сите категории учесници во сообраќајот.

    Пешаците треба да знаат дека се рамноправни учесници во сообраќајот и дека задолжително треба да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

    Пешаците, исто како и возачите, често се жртви во сообраќајни незгоди. Според статистичките податоци во РСМ, во последните три години, 15-25% од вкупниот број загинати лица во сообраќајни незгоди се пешаци, односно 20-25 пешаци го загубиле животот во сообраќајни незгоди.

    Ваквата статистика укажува дека неопходно е преземање на превентивни мерки за зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќајот, како и за подигање на свеста на пешаците и возачите за почитувањето на сообраќајните правила и прописи и за совесно учество во сообраќајот затоа што безбедноста на пешаците и на возачите треба да биде заедничка грижа.        Затоа, на пешаците им препорачуваме:

    • Преминувајте преку улица само на означен пешачки премин или на крстосница.

    • Движете се по тротоар или по патека наместо по пат, и тоа свртени кон сообраќајот доколку тротоар или патека не се достапни.

    • Остварете контакт со очи со возачот на возилото што доаѓа кон вас.

    • Почитувајте ја сообраќајната сигнализација за пешаци, но секогаш имајте ја предвид и сигнализацијата за возачите.

    • Носете светла или рефлектирачка боја кога поминувате на пешачки премин во ноќни услови.

    • Не користете мобилен телефон или слушалки додека преминувате на пешачки премин.

     

    РСБСП апелира: Почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот. Преминувајте внимателно и тоа на означен пешачки премин. Безбедноста и на пешаците и на возачите нека биде заедничка грижа!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Безбедноста на пешаците на прво место! И јас и ти сме пешаци!
    Следна Објава:
    ЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS