Потпишување на декларација за безбедност на децата во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Потпишување на декларација за безбедност на децата во сообраќајот

    1. Насловна
    2. РСБСП
    12 мај 2022

    По повод 60 годишнината од постоењето на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на 12 мај 2022 г. во хотел „Лимак“ во Скопје се одржа Стручен собир под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина!“

    На стручниот собир присуствуваа членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, претставници од Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование и наука, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски, Министерството за локална самоуправа, Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Хрватскиот автоклуб, Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Српска и Европскиот центар за транспортни политики на Република Бугарија, претставници од Факултетот за безбедност Скопје, Техничкиот факултет Битола, Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“, претставници од град Скопје, од средни сообраќајни училишта, медиумите и други институции.

    Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот за образование и наука Јетон Шаќири, министерот за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, потпишаа Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина!“ со која секоја од страните, во рамки на своите надлежности и област на делување, ќе придонесе за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот.

    На стручниот собир воведно излагање имаше м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, а со свои презентации настапија и гостите од регионот: Милија Радовиќ од АБСРС – Република Српска, Диана Русинова од ЕЗТП – Република Бугарија, Синан Алиспахиќ од ХАК – Република Хрватска и Снежана Ристеска од АСУЦ „Боро Петрушевски“ – Скопје.

    Со презентaциите беа опфатени следните теми: „Децата – најранлива категорија учесници во сообраќајот“, „Безбедно превезување на деца со моторно возило“, „Најчести причини за сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца“, „Начини за намалување на бројот на сообраќајни незгоди во кои има повредени или загинати деца“, „Децата-како пешаци во сообраќајот“, „Училишни сообраќајни единици – искуства и придобивки“ и „Алтернативен сообраќај – вело сообраќај за деца“.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Одбележан денот на сообраќајната култура
    Следна Објава:
    Одбележан јубилејот со свечена академија, „60 години од постоењето на Републички Совет за Безбедност на Сообраќајот на Патиштата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS