Работна средба на Претседателот на РСБСП и деканот проф. д-р Никола Дујовски на Факултетот за безбедност – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Работна средба на Претседателот на РСБСП и деканот проф. д-р Никола Дујовски на Факултетот за безбедност

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Работна средба на Претседателот на РСБСП и деканот проф. д-р Никола Дујовски на Факултетот за безбедност
    22 февруари 2022

    На 15 февруари 2022 година на Факултетот за безбедност се одржа состанок помеѓу деканот проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски со Претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, Секретарот на РСБСП г-н Владимир Лазаров и со претставниците на МВР г-н Шефик Бајрами, помошник на директорот во Одделот за униформирана полиција, г-н Дејан Трајковски, Началник на Секторот за сообраќајни работи и г-н Сефедин Синанов, виш полициски советник.

    Состанокот беше во функција на планирање и организирање на заеднички активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, посебно на најранливата категорија – пешаците.Беа договорени повеќе активности со кои ќе се поттикнува свесноста за ризиците во сообраќајот, а ќе се дадат и корисни препораки за конкретни чекори кај надлежните државни органи.Месеците април и мај ќе бидат искористени да се спроведат неколку различни кампањи кои ќе имаат за цел да ја подигнат јавната свест и одговорноста кај секој учесник во сообраќајот.

    Целта на овој состанокт беше да се стави поголем акцент за подобрување на безбедноста во сообраќајот, за заштита на животот и имотот на граѓаните, за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, потребен е интегриран пристап во кој ќе се вклучат повеќе институции (од извршната власт, образовните и советодавните институции, локалната заедница, професионалните здруженија итн) за заеднички да придонесеме кон остварување на еден од приоритетите на секое модерно општество – безбеден и уреден сообраќај.

    Факултетот за безбедност како високообразовна институција посветува значително внимание на безбедноста во сообраќајот и ќе ги стави на располагање своите капацитети, знаење и искуство за да ги поддржи напорите на МВР и РСБСП во промоција на сообраќајната култура, етичките вредности кај сите учесници во сообраќајот и кон свесноста дека секој може да придонесе за безбедноста во сообраќајот. Наставниците и студентите од Факултетот, активно ќе се вклучат во планираните  активности и со личен пример ќе ги поттикнуваат и останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да се грижат за безбедноста на секој поединец.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    БРЗИНАТА – КЛУЧЕН ФАКТОР НА РИЗИК ЗА БЕЗБЕДНОСТА НА СООБРАЌАЈОТ
    Следна Објава:
    РАБОТНА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Последни објави од РСБСП

    • Потпишан Меморандум за соработка меѓу РСБСП и АВМУ за зголемување на безбедноста во сообраќајот
    • РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот
    • 11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS