РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА И КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА! СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА И КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА! СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ!

    1. Насловна
    2. Активности
    РАЗБУДИ ЈА СВЕСТА И КАЖИ СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА! СВЕТСКИ ДЕН ЗА СЕЌАВАЊЕ НА ЖРТВИТЕ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ!
    16 ноември 2021

    Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди. Ден  посветен на милиони лица коиво изминатите години трагично го загубија животот на патиштата ширум светот.

    Секој загубен човечки живот предизвикува тага и болка за членовите на семејството, роднините и пријателите на починатото лице, но и за многумина други, а загубените човечки животи за кои причина се сообраќајните незгоди носат дополнителна тежина затоа што загубите и повредите во сообраќајот се ненадејни, насилни и трауматски настани.

    Годишно, во светот, 1.3 милиони луѓе го губат животот во сообраќајни незгоди, а 20 до 50 милиони лица се здобиваат со повреди. Тоа значи дека, како последица од сообраќајни незгоди,дневно умираат над 3.500 лица,односно на секои 25 секунди едно лице го губи животот во сообраќајна незгода.

    Според статистиката, голем дел од жртвите и повредените лица во сообраќајни незгоди се деца и млади.  На светско ниво, годишно околу 400.000 млади лица на возраст до 25 години го губат животот во сообраќајни незгоди, односно околу 1.100 млади лица дневно.

    Сообраќајните незгоди претставуваат прва причина за смртност за лицата на возраст од 15 до 19 години, втора причина за смртност за лицата на возраст од 10 до 15, како и од 20 до 24 години, и трета причина за смртност за лицата на возраст од 5 до 9 години.

    Во Република Северна Македонија, се намалува бројот на загинати во сообраќајни незгоди.  Илјадници луѓе, секоја година се здобиваат со повреди во сообраќајни незгоди!  

    За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди, за да се изрази почит кон загинатите и солидарност кон нивните семејства, какои зада се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот, Организацијата на Обединетите Нации (ООН) усвои резолуција со која повикува во третата недела од месец ноемврида се одбележува Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

    Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди има цел да потсетина сите загинати лица во сообраќајни незгоди, да им се даде помен на истите, но и да се допре до свеста на сите учесници во сообраќајот со цел тие да размислат за сопствената одговорност, како и за последиците од сообраќајните незгоди.

    Да не се заборави дека секоја година нови настрадани, загинати и повредени лица, се додаваат на милиони кои веќе страдаат како  последица од сообраќајни незгоди.

    Затоа РСБСП упатува апел: „Да ја намалиме црната статистика на патиштата, да го направиме сообраќајот побезбеден, да тргнеме од себе, од сопствените грешки и од сопственото однесување во сообраќајот.

    Време е! Да ја разбудиме свеста и да кажеме

    СТОП ЗА СМРТТА НА ПАТИШТАТА!“

    #ВозиОдговорно

    #СветскиДенЗаСеќавањеНаЖртвитеОдСообраќајниНезгоди

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП и МВР ја започнаа ,,Зимската кампања”
    Следна Објава:
    Одбележан “Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS