Работна средба на Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија Душко Пешиќ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Работна средба на Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија Душко Пешиќ

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Работна средба на Претседателот на РСБСП  Гордана Кожуваровска со Директорот         на  Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија  Душко Пешиќ
    5 јуни 2021

    Согласно меморандумот за соработка кој беше потпишан помеѓу  Републичкиот совет за безбедност на сообраќаjот на патиштата на Република Северна Македонија и Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија,  денес во Скопје, во просториите на РСБСП,  се реализира работна средба на Претседателот на РСБСП,  Гордана Кожуваровска,  со директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот  на Република  Србија,   Душко Пешиќ.  Целта  на состанокот беше унапредување на соработката помеѓу двете институции преку размена на искуства знаење и позитивни пракси и реализација на заеднички сообраќајно превентивни активности во летниот период под мотото „ Вози одморен“. 

    Како составен дел на состанокот беше организиран  стручен собир  на кој присуствуваа претставници на двете институции. На стручниот собир беше презентиран начинот на работа на двете институции, реализираните активности во изминатиот период, резултатите од досегашната работа, позитивните и негативните искуства и беа дефинирани нови начини и модели на дејствување со цел помалку жртви на патиштата.Безбедноста на сообраќајот на патиштата е национален,  но истовремено и регионален, но и глобален проблем и предизвик.  Статистичките податоци покажуваат дека  во земјите од регионот на Југоисточна Европа бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на 100 000 жители е поголем во однос на земјите членки на ЕУ и согласно тоа,  неопходно е безбедноста во сообраќајот и регионалната соработка во областа на безбедноста на патниот сообраќај,  да се издигнат на  значително повисоко ниво.

    Во изминатиот период остваривме неколку работни средби со претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија и може да се каже дека резултатите од досегашната соработка се исклучително позитивни. Согласно тоа, како плод на досегашната соработка направена е размена на видео спотови,  едукативни видео материјали за деца,  стручна литература, размена на искуства, знаења, итн.  Имајќи го во предвид фактот дека во летниот период  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди, од кои што голем дел се случуваат токму на автопат и во тие сообраќајни незгоди воглавно учесници се возачи кои транзитираат низ Република Северна Македонија, на денешниот состанок ќе биде договорена реализација на заедничка кампања која во текот на летниот период ќе се реализира на граничните премини во двете држави и на автопатиштата во двете држави. Сообраќајот не познава граници, жртвите во сообраќајот не познаваат националност  и тоа е главниот мотив и причина за силна соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, – истакна Претседателот на РСБСП, Гордана Кожуваровска по повод денешната средба со  директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, Душко Пешиќ.  Со цел  побезбеден сообраќај во регионот на  Југоисточна Европа неопходно е земјите во регионот да изградат еден заеднички пристап кон прашањата од областа на патниот сообраќај и преку размена на искуства, знаење, податоци, материјали и преку заедничка реализација на проекти и сообраќајно превентивни и едукативни активности, заеднички да се придонесе кон побезбеден сообраќај и помалку настрадани лица во сообраќајни незгоди. 

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Ден на културата во сообраќајот!
    Следна Објава:
    РСБСП: Безбедност на патниот сообраќај – кратки анализи и податоци
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS