РСБСП со апел: Децата до трето одделение, тргнаа на училиште. Возачи, намалете ја брзината и внимавајте на децата во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Децата до трето одделение, тргнаа на училиште. Возачи, намалете ја брзината и внимавајте на децата во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    РСБСП со апел: Децата до трето одделение, тргнаа на училиште. Возачи, намалете ја брзината и  внимавајте на децата во сообраќајот!
    1 октомври 2020

    Наместо на 1 Септември, како секогаш, оваа календарска година, училишното ѕвонче  означи почеток на новата учебна година, денес,  на 1 Октомври.  Годинава ја одбележуваат нови предизвици, нови ризици и закани за безбедноста на децата, но и покрај тоа не смееме да заборавиме  на ризиците и опасностите кои ги демнат децата во сообраќајот.

    И понатаму останува важно прашањето  како децата навремено и безбедно да пристигнат до училишниот двор?  Не смееме да го заборавиме и да го занемариме фактот дека сообраќајните незгоди се сериозна закана за животот и здравјето на децата. Со почетокот на учебната година, фрекфенцијата на возила и на пешаци во сообраќајот значително се зголемува. Согласно тоа, се зголемува и потребата за дополнителна доза внимателност од страна на сите учесници во сообраќајот, особено кога се движат во близина на училиште или на градинка.

    Затоа РСБСП апелира до возачите: „Бидете внимателни, внимавајте на децата во сообраќајот и намалете ја брзината во близина на училишта и градинки. Внимавајте каде паркирате, затоа што неправилно паркираните возила ги прават децата не видливи во сообраќајот.  Не заборавајте дека безбедноста на децата во сообраќајот е одговорност на возрасните!

    Покрај тоа, РСБСП со потсетување до родителите дека тие се огледало на кое децата секојдневно се огледуваат. Личниот пример  кој родителите им го даваат на децата во сообраќајот треба да биде безусловно и целосно почитување  на  правилата и прописите во сообраќајот и на тој начин всушност континуирано да ги наведуваат  децата да бидат безбедни и одговорни во сообраќајот!

     Статистичките податоци покажуваат дека децата многу често страдаат во сообраќајни незгоди како патници. Во таа насока, РСБСП потсетува на законската обврска според која, деца кои немаат полни 12 години, не смеат да се превезуваат на предното седиште, како и за обврската за користење сигурносен појас на сите седишта и детско седиште за деца на возраст до 5 години (дури и тогаш кога возењето трае кратко).  Сообраќајните незгоди се случуваат тогаш кога најмалку очекувате, затоа, многу е важно секогаш да бидете заштитени вие и вашите најмили.Покрај наведеното, РСБСП потенцира дека децата кои немаат полни 10 години не е безбедно да се оставаат сами да одат на училиште. Доколку од одредени причини се одлучите да  го пуштете детето да оди само на училиште, потрудете се да биде барем  во група од две до три деца.  Во таква ситуација,  секој одговорен родител должен е на своето дете да му го покаже и да му го повтори најбезбедниот пат од училиште до дома, да му посочи на детето за потенцијалните ризици и закани во сообраќајот и да му ги објасни и повтори најважните правила и прописи во сообраќајот. 

    РСБСП на сите ученици им посакува успешна учебна година и уште еднаш ги потсетува безбедно, внимателно и одговорно да учествуваат во сообраќајот. Чувајте ги децата од повреди и загуби во сообраќајот!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Промоција на прирачник за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центар
    Следна Објава:
    Прирачник за подготовка за полагање на стручен испит за работа во автошкола и испитен центар
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS