СТОП за возењето под дејство на алкохол! Ова лето безбедноста нека ти биде на прво место! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    СТОП за возењето под дејство на алкохол! Ова лето безбедноста нека ти биде на прво место!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    СТОП за возењето под дејство на алкохол! Ова  лето безбедноста нека ти биде на прво место!
    23 јули 2020

    Управување на моторно возило под дејство на алкохол е еден од најсериозните прекршоци кој го прават одредени возачи.  Да се управува моторено возило под дејство на алкохол значи да се нема ниту најмала почит кон себе, кон сопствениот живот, кон семејството, кон другите учесници во сообраќајот и кон општеството во целина.  Со жалење може да се констатира дека и покрај сѐ,  одредени поединци  се уште се осудуваат да седнат позади воланот и тогаш  кога се под дејство на алкохол. 

    Покрај слабиот карактер и комплетната неодговорност, една од причините за еден возач  да седне  „пијан “ позади воланот е потценувањето на ризикот и опасноста дека може да се случи сообраќајна незгода и убедувањето дека на кратко растојание може да се управува моторно возило и под дејство на алкохол.  Во однос на оваа констатација РСБСП со потсетување дека ниту еден возач кој учествувал во сообраќајна незгода со фатални последици не ни претпоставувал дека тоа може да му се случи токму нему и со потсетување дека  ниту еден возач,  не тргнал  под дејство на алкохол, да управува моторно возило на патување од 1000 км, напротив, најголем број од возачите кои биле под дејство на алкохол и кои учествувале во сообраќајна незгода со тешки и фатални последици, патувале на пократка дестинација а многу често патувале во рамките на населеното место или регионот во кој престојуваат или живеат.Водејќи се од тоа, РСБСП со потсетување, совети и пораки до возачите:

        •   Возач под дејство на алкохол не смее да започне да управува возило во сообраќај на пат. 

        •  Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 г/кг. Кај професионалните возачи и возачите почетници, не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,09 г/кг). Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 225 до 375 евра во денарска противвредност.

         •  Полицискиот службеник на самото место привремено ќе му ја одземе возачката дозвола и ќе го исклучи од сообраќај возачот за кого ќе утврди дека е под дејство на алкохол.

         •  Управувањето на моторно возило под дејство на алкохол носи закана за одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

    Истражувањата покажуваат дека алкохолот ја намалува возачката способност, ја намалува концентрацијата и ја намалува функцијата на сетилата за слух и вид. Возачите под дејство на алкохол не се во способност благовремено да ги препознаат ризиците и опасностите во сообраќајот и се склони кон преземање на ризик и ги потценуваат последиците од сообраќајните незгоди.

    РСБСП потсетува дека како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во Република Северна Македонија, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица беа  повредени.

    Согласно тоа,  РСБСП со апел до сите возачи:

    „Оваа лето безбедноста нека ви биде на прво место. Никогаш немојте да возите под дејство на алкохол затоа што возењето под дејство на алкохол носи смрт на патиштата!“

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    “Летна кампања 2020” – наплатна станица Петровец
    Следна Објава:
    “Летна кампања 2020” – Ова лето безбедноста нека Ви биде на прво место!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS