Работен состанок помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија со цел унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуство, знаење и добри практики – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Работен состанок помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија со цел унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуство, знаење и добри практики

    1. Насловна
    2. РСБСП
    Работен состанок помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија со цел  унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуство, знаење и добри практики
    3 февруари 2020

    На иницијатива на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на ден 31.01.2020 година се одржа работен состанок помеѓу претставници на РСБСП и претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија. На состанокот присуствуваа: Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, Секретарот на РСБСП Владимир Лазаров,  Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија,  Јасмина Милошевич, Светлана Миљуш- помошник директор и Слободан Карличич- асистент на директорот.

    Целта на состанокот беше унапредување на меѓусебната соработка, размена на искуство и знаење со цел побезбеден сообраќај  и  помалку жртви на патиштата.

    На заедничко задоволство беше одржана конструктивна работна средба на која беа поставени темелите на идната, верувам,  плодна и успешна соработка. Двете страни покажаа отвореност и желба за соработка и во таа насока ќе потенцирам дека претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија во наредниот месец ќе ја посетат нашата земја и официјално ќе биде потпишан меморандум за соработка.

    Безбедноста на сообраќајот на патиштата е национален но истовремено и регионален но и глобален проблем и предизвик. Координиран заеднички пристап е неопходен со цел  заеднички да одговориме на предизвикот наречен помалку сообраќајни незгоди и помалку загинати и повредени лица на улиците и патиштата. Согласно тоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија во наредниот период ќе пристапат кон поголема соработка со цел унапредување на стручните знаења, размена на стручна и едукативна  литература, размена на видео и едукативни материјали,  размена на искуства, знаења и добри практики, итн. Посебен акцент  во соработката  ќе биде ставен на заедничка реализација на превентивно едукативни активности во летниот период со цел едукација и заштита на  сите учесници во сообраќајот кои во текот на летниот период престојуваат или транзитираат низ двете земји и пошироко, – истакна Претседателот на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска по повод работната средба  одржана во Белград со претставниците на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија.  

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Како да изберете и како правилно да поставете детско седиште во автомобил?
    Следна Објава:
    Стави појас, за твоја безбедност! – кампања на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Последни објави од РСБСП

    • Потпишан Меморандум за соработка меѓу РСБСП и АВМУ за зголемување на безбедноста во сообраќајот
    • РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот
    • 11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS