Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила!

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила!
    27 февруари 2019

    Безбедноста во сообраќајот во голема мера зависи од исправноста на возилото. Неретко, токму возилото е причина за сообраќајна незгода со тешки и фатални последици. Но, и покрај тоа,   одредена група возачи ги користат возилата и активно учествуваат во сообраќајот, избегнувајќи или „заборавајќи“ на задолжителниот технички преглед на возилото, редовниот сервис, како и на редовното – задолжително осигурување и регистрација на возилото.

    Ваквиот однос кон возилото и воопшто кон безбедноста во сообраќајот е неодговорен и опасен. Точните мотиви за ваквиот начин на однесување тешко се откриваат, но сигурно е дека станува збор за неодговорни возачи кои го потценуваат ризикот од евентуална сообраќајна незгода и кои ги потценуваат последиците од сообраќајните незгоди. Таквите возачи, и покрај тоа што забележуваат дека има одредени неправилности или одреден систем на возилото не функционира, сепак се одлучуваат да се вклучат во сообраќај и да ја загрозат безбедноста во сообраќајот.

    Неразумност, себичност, желба да се заштедат финансиски средства на сметка на сите ризици и закани по безбедноста во сообраќајот, непромисленост… Како и да се објасни оваа појава, нема да се погреши.

    Ако се земе предвид фактот колку се големи санкциите за учество во сообраќај со нерегистрирано возило, какви се последиците и загубите ако се учествува во сообраќајна незгода со неисправно, нерегистрирано и неосигурано возило, може да се заклучи дека учеството во сообраќај со неисправно и нерегистрирано возило е опасно, ризично и во ниеден случај не е исплатливо.

    Дали големиот број сообраќајни незгоди што се случуваат секојдневно на патиштата, дали крвта, солзите и тагата за загубените животи, не се доволна причина, еднаш и засекогаш, безбедноста во сообраќајот да се разбере многу посериозно и поодговорно?

    „Ама не мислев така“, „Ама сигурен бев дека возилото е исправно“, „Не покажуваше знаци на дефект“, „Цел живот возам така, ништо не се случило“, „Не го користам многу возилото, не ми се исплати да го регестрирам“… изговори, изговори…

    Најчестиот изговор е: „Трошок ми е, немам доволно пари“. Возачите со ваков изговор никогаш нема да се откажат од комфорот и удобноста што ѝм ја овозможува нивниот автомобил, но нема ни да сакаат да го проверат и да го регистрираат возилото. 

    Многу изговори. Сите празни и неиздржани. Ниеден изговор не може да биде доволно добар. Сите возачи треба да бидат свесни за последиците што ги носи неисправното и нерегистрираното возило. Всушнот, порано или подоцна тоа ќе го разбере секој возач. Некои ќе разберат навреме и ќе преземат сѐ што е потребно за да спречат да се случи одредена трагедија, а другите ќе разберат  откако ќе се случи трагедијата. Вие сами одлучувате кога ќе разберете и колкава цена ќе платите за тоа.

    Бројот на возила во Република Македонија е во постојан раст и тој број веќе надминува 550.000 возила. Зголемениот број возила значи и зголемен интензитет на сообраќајот, а со тоа се зголемува и потенцијалниот ризик од сообраќајни незгоди. За жал, паралелно со зголемување на бројот на возила, расте и бројот на нерегистрирани, технички неисправни и неосигурани возила кои активно учествуваат во сообраќајот. Според проценките на осигурителните компании, во Република Македонија, околу 40.000 нерегистрирани и неосигурани возила, активно учествуваат во сообраќајот на патиштата и претставуваат закана за безбедно одвивање на сообраќајот.

    За учество во сообраќај на патиштата, возилата задолжително треба да бидат регистрирани, да имаат важечка сообраќајна дозвола или важечка потврда за пробно возење и треба да бидат означени со пропишани регистарски таблици. Непочитување на оваа законска одредба се санкционира со парична казна од 500 евра во денарска противвредност. Полицискиот службеник ќе го исклучи од сообраќај возилото што не е регистрирано, за кое не е продолжен рокот на важност на сообраќајната дозвола, за кое е утврдена техничка неисправност, за кое нема пропишани регистарски таблици или кое нема налепница за извршена регистрација.

    РСБСП со потсетување: Технички неисправните и нерегистрираните возила се извор на опасности во сообраќајот. Затоа проверете ја техничката исправност на возилото и регистрирајте го на време. Без изговори, без оправдувања! Не ризикувај многу за малку! Во сообраќајот нема место за неисправни и нерегистрирани возила!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Во сообраќајот нема место за „возачи“ без возачка дозвола!
    Следна Објава:
    „Вози внимателно и јави се кога ќе стигнеш!“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП дел од „III Македонски конгрес за патишта – 2025“

    Претседателот на РСБСП дел од „XIV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП дел од „III Македонски конгрес за патишта – 2025“
    • Претседателот на РСБСП дел од „XIV Меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот во локалните заедници“ во Република Српска
    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS