Совети за поголема безбедност во сообраќајот во зима – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Совети за поголема безбедност во сообраќајот во зима

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    Совети за поголема безбедност во сообраќајот во зима
    13 декември 2017

    Возењето во зимски услови носи  ризици и закани  за безбедноста во сообраќајот. Токму затоа, РСБСП постојано апелира до возачите за внимателно и одговорно учество во сообраќајот.  Во таа насока повторно апелираме до возачите да ја прилагодат брзината на условите на патот,  да држат безбедно растојание и да избегнуваат нагли движења како што е нагло запирање на возилото, нагло забрзување, нагло свртување итн.

    Во овој период од годината, голема е веројатноста за појава на голомразица  на патиштата, особено на осојни места, остри кривини, мостови, подвозници, надвозници итн. Голомразицата сериозно може да ја загрози безбедноста на сообраќајот и за таа цел препорачливо е да не се патува во раните утрински и во доцните вечерни часови.

    Користењето на соодветна зимска опрема во голема мера придонесува за  безбедно одвивање на сообраќајот кога имаме зимски услови на патиштата. Покрај поголематa безбедност, користењето на зимската опрема e и законска обврска која се однесува за периодот од 15 ноември до 15 март наредната година. Не користењето на зимската опрема се санкционира со парична казна од 45 евра во денарска против вредност или 25 негативни поени.  Полицискиот службеник може да му нареди на возачот да го прекине  натамошното движење доколку возачот на поседува зимска опрема или одбива истата да ја постави во услови кога состојбата на патот не овозможува безбедно и непречено движење на возилата без соодветна  зимска опрема.

    Под зимска опрема се подразбира:

    За возилата чија вкупна маса не надминува 3500 кг под зимска опрема се подразбира зимски пневмативи на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм  или летни пневматици на сите четири тркала со минимална длабочина на шарите од 4 мм и синџири за снег за погонските тркала.

    За возилата чија вкупна маса надминува 3500 кг под зимска опрема се подразбира зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите од 6 мм или летни пневматици на сите тркала со минимална длабочина на шарите од 4мм и синџири за снег за погонските тркала.

    Со цел да се елиминираат сите заблуди, посебно потенцираме дека во случај кога се користат  зимски пневматици не постои обврска за поседување на синџири за снег. Исто така  особено важно е тоа што обврската за користење на зимска опрема се однесува за сите возила кои учествуваат во сообраќај на пат независно дали е тоа во населено или надвор од населено место. Комбинацијата, односно истовремена употреба на зимски и летни гуми е исклучутелно опасна бидејки го нарушува процесот и траекторијата на запирање на возилото.

    Перцепцијата дека зимските гуми се гуми за снег е погрешна. Зимските гуми се погодни и безбедни за сите температури под 7 степени целзусови. Во услови на ниски температури летните гуми стврднуваат, добиваат карактеристика на пластика и го губат контактот со подлогата,  додека зимските гуми се изготвени од таков мматеријал кој и во услови на ниски температури е мек и обезбедува стабилен контакт со подлогата и стабилно управување и запирање на возилото.

    Возењето во зимски услови е напорно и непредвидливо и бара  постојана  концентрација, повеќе вештини и смиреност. Секој возач треба да знае дека во случај на пролизгување на возилото важно е возачот да остане смирен, да не стиска на педалата за гас и на сопирачките, односно да користи моторно кочење се до моментот додека возилото не се стабилизира. 

    Со оглед на фактот дека речиси секоја година се случуваат  несреќи со труење од јаглерод моноксид, уште еднаш потсетуваме да не се загрева возилото во затворена просторија,  а исто така во случај на затрупаност на возилото во снег задолжително да се провери дали системот за издувни гасови е слободен бидејки во случај истиот да е покриен со снег постои опасност јаглерод моноксидот да навлезе во внатрешноста на возилото.

    Многу мали,  навидум небитни работи може да бидат клучни за тоа дали ќе се соочите со одредени несакани ситуации во зима. За таа цел,  РСБСП препорачува до возачите навремено да го планираат патувањето и да се информираат за временската прогноза, да ја проверат техничката исправност на возилото, да го проверат антифризот, маслото на моторот, течноста за брисачите, акумулаторот итн. Исто така,  препорачуваме до возачите секогаш да имаа во кола стара крпа, лопата, кофа со песок, метла за снег, спреј за одмрзнување на брави итн. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Важни правила во сообраќајот на кои возачите често забораваат и не ги почитуваат
    Следна Објава:
    „И оваа година безбедноста има предност – 2018 најбезбедна до сега“ – нова кампања на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS