Заморот кај возачите: симптоми, причини и последици – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Заморот кај возачите: симптоми, причини и последици

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    Заморот кај возачите: симптоми, причини и последици
    7 јули 2017

    Заморот е примарна причина за повеќе од 20% од смртните случаи на патиштата во светот. Заморот значително го зголемува ризикот од несреќа. Голем број од сообраќајните незгоди поврзани со замор се случуваат во часовите предвидени за спиење и затоа, во многу од нив, повеќе од веројатно е дека возачот бил заморен и дека неговото тело не можело да се бори против потребата за спиење. 

    Кога нашиот организам е уморен и поспан или кога сме заморени од секојдневните работни обврски, несвесно влегуваме во ситуација да „се исклучиме“ и да станеме помалку свесни за тоа што се случува на патот и сето тоа значително да влијае на нашата способност брзо и безбедно да реагираме во опасни ситуации.

    Во текот на летниот период, сакајќи побрзо да поминеме на патарина, да го избегнеме метежот и долгите чекања на граница и порано да стигнеме на плажа, забораваме да земеме здив и да направиме одмор.

    Младите возачи спаѓаат во посебно ризична категорија учесници во сообраќајот. Особено за нив, летото е најкритичен период кога е во прашање заморот и долгите  патувања.

    Симптоми на замор на возачот

    Многу е тешко возачите точно да го проценат сопственото ниво на замор. Способноста за самоодценување станува сѐ понесоодветна со зголемување на заморот, но кај многумина самодовербата останува непроменета. РСБСП алармира на следниве предупредувачки знаци кои возачите не треба да ги игнорираат:

    • Проблеми со фокусирање, или стеснување на вниманието
    • „Паѓање на главата“, или неможност да се отворат очите
    • Не се сеќавате на последните неколку минути
    • Лоша проценка, побавно време на реакција
    • “Зумирање”
    • Несвесност (спиење со отворени очи)
    • Постојано зевање или триење на очите

    Имајте на ум дека ако имате некој од овие симптоми на замор кај возачот, многу е веројатно дека вашата способност за управување со возило веќе е намалена.

    Причини за замор кај возачот

    Постојат две главни причини за замор кај возачот:

    • Недостаток на квалитет/ доволно количество сон и редовно спиење
    • Возење во дел од денот (ноќта) кој е предвиден за спиење.

    Крајниот резултат кој се добива е недоволно количество сон потребен на организмот и зголемување на ризикот од учество во сообраќајна несреќа поврзана со замор.

    Од друга страна, пак, голем е и бројот на фактори кои влијаат врз веројатноста дека возачот ќе се замори, ги изделуваме следниве:

    • Колку долго сте биле будни пред да седнете зад управувачот (особено опасно е ако се повеќе од 17 часа)
    • Кој дел од денот учествувате во сообраќајот: вашето тело и мозок имаат биолошки часовник (циркадиски ритам) кој влијае на тоа колку човекот е активен и свеж или поспан во одредено време од денот
    • Количината и квалитетот на последниот период на спиење
    • Нивото на физичка или ментална активност во тоа време (на пример, долги здодевни делови на патот го отежнуваат одржувањето на будноста и фокусот на патот)
    • Присуство на нетретирани нарушувања на спиењето (како што се опструктивна ноќна апнеја или нарколепсија)
    • Седативни лекови

    Никој не е имун на ефектите од заморот на возачот, меѓутоа некои групи луѓе или категории професионални возачи се повеќе изложени на ризик од другите:

    • Млади возачи: комбинација на неискуство и ноќно возење
    • Работниците кои работат во смени и ги менуваат работните часови: работниците во смена имаат 6 пати поголеми шанси да бидат вклучени во сообраќајна незгода поврзана со умор, без разлика дали тоа е на работа (машини за управување или возила) или на кои работните обврски им се поврзани со патување
    • Комерцијални возачи: возење на долги релации, често и во лоши временски услови, а некогаш и ноќно возење
    • Деловни патници или професионални возачи: овие возачи освен што возат во секакви временски услови, возат дење и ноќе, се случува подолг временски период да се наѓаат на гранични премини, царински служби, но и да менуваат временските зони и затоа често страдаат од ограничен и/или слаб сон.

    Последици од заморот на возачот

    Последиците од заморот на возачот можат да бидат катастрофални. Избегнувајте да возите кога сте заморни бидејќи заморот ги нарушува способностите за ментална обработка на дадената ситуација и навремено донесување одлуки. Секој возач може да замине во „микро-сон“ без да сфати. Ова може да трае само неколку секунди, но доколку во моментот има потреба од нагло свртување или запирање, ризикот од незгода е значително зголемен.

    Учесник во незгода како последица на замор, најчесто вклучува едно возило што ја губи контролата врз лената во која вози и се судира со друг предмет (дрво покрај патот или друго возило). Возачот во овие случаи е сам, вози неколку часа без одмор, а делот од денот е помеѓу полноќ и 6 часот наутро.

    Последиците од сообраќајните незгоди кои се припишуваат на заморот на возачот се најсериозни во однос на смртноста, телесните повреди и штетата предизвикана на добра и имот бидејќи заморениот возач не се обидува да ја избегне незгодата.

    Важни совети

    • Планирајте го вашето патување на време и правете 15 минути пауза на секој два часа ефективно возење
    • Не тргнувајте на долго патување ако се чувствувате изморени
    • Сетете се на ризиците ако станете рано наутро и тргнете на долг пат
    • Ако се почувствувате изморено, најдете соодветно и сигурно место за одмор. Направете кратка пауза и консумирајте кафе или друг кофеински производ во комбинација со освежителен пијалок или вода.

    Запомнете: Единствен начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат.

    РСБСП апелира до сите учесници во сообраќајот добро да размислат пред да тргнат на пат. Внимателно да го испланираат своето патување и да прават чести одмори. Краткиот одмор значи малку подоцна, но безбедно и одговорно пристигнување онаму каде што сте тргнале. 

    Важна напомена: Не дозволувајте летните спомени да се претворат во трагедија!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    ,,Зошто јавен превоз?” – Кампања на РСБСП и ЈСП Скопје
    Следна Објава:
    Најчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS