Вие сте тука

15 Ноември – Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Денови на сеќавање – време е да запрат кривичните дела на улиците.

 

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денес одржа Прес конференција со цел да ја информира јавноста за две работи:

Првата е официјалното завршување на досега најголемата кампања за подигнување на свеста за заштита на децата во сообраќајот, која РСБСП во соработка со партнерите ја реализираше во изминатиот период. Со неа Република Македонија се приклучи кон Светската кампања #safekidslives, која на иницијатива на Обединетите нации се реализира во повеќе од 100 земји низ целиот свет.

Втората значајна работа која беше презентирана од РСБСП на денешниот прес, е најава за активностите кои следат, односно организација и активности поврзани со одбележување на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни несреќи.

 Во таа смисла РСБСП, потенцираше дека секоја година во светот околу 1,2 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди и околу 50 милиони се здобиваат со телесни повреди. Во Република Македонија, според податоците со кои располага РСБСП, во првите 9 месеци во 2015 година, се случиле 100 сообраќајни несреќи со загинати лица во кои животот го загубиле 113 лица, а 4684 се повредени.

За да се сврти вниманието на трагичните последици од сообраќајните незгоди да се изрази почит кон загинатите и солидарност кон нивните семејства, како и  да се подигне свеста за фаталните последици од неодговорното однесување во сообраќајот, Организацијата на Обединетите Нации усвои резолуцијата со која повикува на обележување на третата недела од месец ноември за Светски ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди.

Во насока на одбележување на овој ден во Република Македонија, а со цел повисоко ниво на сообраќајна свест и одговорност, односно повисоко ниво на дисциплина во сообраќајот, РСБСП во соработка со  партнерите  во периодот од 15 – 22 Ноември ќе организира низа активности.

Активностите ќе започнат во недела со засадување и промоција на парк посветен на жртвите кои оваа година го загубија животот во сообраќајни несреќи.

Понатаму, во текот на неделата, секој ден ќе се организираат различни активности меѓу кои најназачајни се:

  • Организација на пешачки дефилеа во повеќе градови низ  Македонија, со цел будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот
  • Едукативни предавања во КПД
  • Јавни трибини и едукативно предавања за студентите
  • Посета на гробот на Тоше Проески
  • Крводарителна акција
  • Организација на ликовна изложба и др.

Мото и пораката која РСБСП оваа година,  во рамките на  Светскиот ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ја праќа до сите граѓани во Република Македонија, е многу силна и истата гласи: ,,Денови на сеќавање – време е да запрат кривичните дела на улиците''.

 

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media