РСБСП се вклучи во реализацијата на „Вело Родео“, настан кој е од отворен карактер и има за цел промовирање на велосипедизам, со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај децата и младите. настан со акцент на унапредување на постоечките и стекнување со нови вештини кај деца и млади.
Настанот е насочен кон претпознатливиот вело полигон, а како дополнителни активности се издвојуваат едукативните игри креирани од страна на Здружението на граѓани „Еко Логик“ на теми поврзани со заштита и унапредување на животната средина, одржлив развој и велосипедизам.
Настанот „Вело Родео“ се одржа на 18 мај 2024 година во Градскиот парк во Скопје, во организација на Еко Логик и Вело Училишта. Во соработка со РСБСП беше промовиран едукативно-превентивен материјал од кампањите за велосипеди и за безбедно возење кои РСБСП редовно ги реализира во овој временски период.