Вие сте тука

УЧЕСТВО НА ВТОРИОТ МАКЕДОНСКИ КОНГРЕС ЗА ПАТИШТА 2022

Претставници на РСБСП учествуваа на Вториот Македонски конгрес за патишта, кој се одржа на 3 и 4 ноември 2022 год., по повод одбележувањето на 55 годишниот јубилеј од основањето на Друштвото за патишта на Македонија. Покровител на конгресот е Претседателот на Владата на РС Македонија. РСБСП го претставуваа: м-р Гордана Кожуваровска, претседател; Владимир Лазаров, секретар; Киро Ристовски, член на Советот на РСБСП и Александра Трпевска.м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, учествуваше со трудот „Фактори за поголема безбедност на сообраќајот на патиштата“. На конгресот учествуваа еминентни меѓународни научници и експерти од областа на патиштата кои изнесоа свои научни и стручни сознанија во врска со: планирање и проектирање; управување, изградба и одржување на патишта; безбедност на сообраќајот на патиштата; заштита на животната средина и одржлив развој; транспортна политика и финансирање; ITS и нови технологии во сообраќајот и други теми од областа на патиштата.

Целни групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот