Вие сте тука

УЧЕСТВО НА 18 МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА „БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ ВО ЛОКАЛНАТА ЗАЕДНИЦА“

Претставници на РСБСП учествуваа на 18-та меѓународна конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“, која се одржа од 19 до 22 април 2023 год. во Копаоник, Република Србија. м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, учествуваше со труд во тематската целина „Одржлива урбана мобилност“. На конференцијата учествуваа над 350 еминентни стручњаци од областа на сообраќајот, претставници од државни органи, од единиците на локалната самоуправа и други институции од регионот, кои изнесоа свои научни и стручни сознанија во врска со: организација и управување со безбедноста во сообраќајот, безбедност на учесниците во сообраќајот, безбедност на патната инфраструктура, одржлива урбана мобилност, работа на единиците на локалната самоуправа и др.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот