Вие сте тука

СОСТАНОК ВО АГЕНЦИЈАТА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА РЕПУБЛИКА СРБИЈА

 
Денес во Белград, во просториите на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија, се одржа состанок со Бранко Стаматовиќ, в.д. директор на Агенцијата, со Гордана Кожуваровска, претседателот на РСБСП. На состанокот се разговараше за безбедноста на сообраќајот, тековните активности со акцент на зимската кампања и реализацијата на заедничките кампањи во текот на оваа година кои дадоа одлични резултати и ја продлабочија соработката на двете соседни држави. Беа договорени и заеднички активности за претстојниот период со цел унапредување на безбедноста во сообраќајот и остварување на стратешката цел Визија 0 (нула) загинати деца што е приоритет и во Република Србија и во Република Северна Македонија.

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот