СЦ Борис Трајковски и РСБСП потпишаа меморандум за подобрување на безбедноста во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    СЦ Борис Трајковски и РСБСП потпишаа меморандум за подобрување на безбедноста во сообраќајот

    1. Насловна
    2. РСБСП
    СЦ Борис Трајковски и РСБСП потпишаа меморандум за подобрување на безбедноста во сообраќајот
    11 мај 2016

    Скопје (10.05.2016) Безбедноста на сообраќајот на патиштата во нашата држава претставува примарна општествена одговорност на сите организации и поединци, каде особено важен е мулти-секторскиот пристап кон прашањата и проблемите од областа на сообраќајот на патиштата. Токму ова е единствен начин за намалување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди на патиштата.

    Водејќи се од ова, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Спортскиот центар „Борис Трајковски“ денес потпишаа меморандум за соработка со цел партнерство и  заедничка реализација на сообраќајно превентивни активности за едукација, тренинг и обука на учесниците во сообраќајот и подигање на нивната свест за одговорно однесување во сообраќајот и почитување на сообраќајните правила и прописи. Како составен дел од овој меморандум договорните страни  посебно се обврзаа да преземат мерки и активности за подобрување на безбедноста на ранливите групи учесници во сообраќајот, како што се пешаците и велосипедистите и пред се возачите почетници.

     “Меморандумот кој што денес беше потпишан претставува основа за понатамошна успешна соработка во реализацијата на сообраќајно превентивни активности  кои  веруваме ќе дадат сериозен придонес во подобрувањето  на безбедноста на сообраќајот на патиштата и намалување на последиците од сообраќајните незгоди“, истакнаа страните потписнички на меморандумот,  истовремено повикувајќи ги сите поединци и деловни субјекти да покажат повисоко ниво на лична, корпоративна  и општествена одговорност, преку свој придонес кон побезбеден сообраќај.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Едукативен автобус – ОУ “Невена Георгиева – Дуња”
    Следна Објава:
    МЛАД ВОЗАЧ, БЕЗБЕДЕН ВОЗАЧ.
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS