РСБСП: Засилените сообраќајни контроли се нужни за поголема безбедност во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Засилените сообраќајни контроли се нужни за поголема безбедност во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП:  Засилените сообраќајни контроли  се нужни за поголема безбедност во сообраќајот!
    29 октомври 2020

    Засилените сообраќајни контроли од страна на сообраќајната полиција  во изминатите неколку  месеци  покажуваат дека дисциплината и одговорноста кај учесниците во сообраќајот се уште не се на потребното ниво. За жал,  полициските билтени и медиумите секојдневно известуваат за голем број на санкционирани возачи поради управување на моторно возило под дејство на алкохол, управување на моторно возило без соодветна возачка дозвола, непочитување на правилата за ограничување на брзината, не правилно престигнување, управување на нерегистрирани и технички неисправни возила и голем број на други прекршоци  во сообраќајот со кои директно се загрозува животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот.

    Се чини дека одредена група на учесници во сообраќајот не ги загрижува  фактот дека секоја година на улиците и патиштата во Република Северна Македонија околу 150 лица го губат животот во сообраќајни незгоди,  а околу 6000  лица  се повредени.

    Искуството од земјите кои покажуваат најдобри резултати на полето на безбедноста во сообраќајот покажуваат дека покрај  добрата сообраќајна инфраструктура најдобри резултати во безбедноста во патниот сообраќај се постигнуваат преку соодветна  комбинација од превентивни и репресивни мерки.

    Во делот на превенцијата, РСБСП потенцира дека  културата и навиките во сообраќајот се учат од најмали нозе и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата посебно внимание во својата работа посветува на најмалите.  Што се однесува до возрасните, важно е да се каже дека процесот на промена на навиките и културата  во сообраќајот е бавен и тежок процес и за таа цел  РСБСП реализира континуирани и силни кампањи,  а ефектите од кампањите  може да се почувствуваат единствено на подолг рок.

    Од друга страна, репресивните мерки дават побрзи резултати и ефектите од репресивните мерки може да се почувствуваат  и на  пократок рок. 

    РСБСП го поддржува процесот на засилени сообраќајни контроли  и истиот треба да биде континуиран и силен. Најважно е граѓаните  да знаат дека репресивните мерки се спроведуваат со цел заштита на нивниот живот и нивното здравје и истите имаат за цел да ги одвратат сторителите на сообраќајните прекршоци  од повторување на сообраќајниот прекршок. Превентивните мерки се насочени кон сите учесници во сообраќајот, а со репресивни мерки треба да бидат санкционирани оние учесници во сообраќајот кои и покрај сите апели, и укажувања се уште се однесуваат недисциплинирано и неодговорно во сообраќајот- потенцира Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП по повод засилените контроли од страна на сообраќајната полиција.

    Статистичките податоци за 2020 година, покажуваат дека оваа година има значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на истиот период минатата година и ваквиот  опаѓачки тренд треба да продолжи и во иднина, а  засилените сообраќајни контроли  од страна на сообраќајната полиција дејствуваат  токму во таа насока.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Меморандум за соработка помеѓу РСБСП и Агенцијата за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Србија
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Паркирај совесно, не го зафаќај  местото резервирано за возилата на лицата со  посебни потреби!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS