РСБСП со совети: Што треба да направите доколку вашето возило остане дефект на пат – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со совети: Што треба да направите доколку вашето возило остане дефект на пат

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со совети: Што треба да направите доколку вашето возило остане дефект на пат
    24 август 2018

    Понекогаш  во сообраќајот се случуваат несакани работи на кои секој возач треба да биде подготвен соодветно да одговори. Така на пример: дефект на возилото на пат е една доста непријатна ситуација со која барем еднаш се има соочено секој возач. Со цел да останете безбедни во ситуација кога вашето возило „откажало“  на патот,  РСБСП со совети и препораки како да се однесувате и што треба да направите во една ваква непријатна ситуација:

    • Прво и најважно е да останете смирени и концентрирани и да не се нервирате туку да почнете да размислувате што е тоа што треба да го направите за да останете безбедни  вие, вашето возило и останатите учесници во сообраќајот.
    • Вклучете ги четирите трепкачи (покажувачи на правец) и на тој начин ќе ги известите другите учесници во сообраќајот дека со вашето возило нешто не е во ред.
    • Доколку сте во можност одстранете го безбедно возилото од сообраќај,  а доколку не сте во можност да го отстранете возилото од сообраќај, одбележете го соодветно со рефлектирачки тријаголници кои ќе бидат поставени на соодветно растојание ( најмалку 50 метри од  возило кое останало дефект на пат) со цел другите возачи да може навремено да го забележат возилото и да ја прилагодат брзината и своето однесување во сообраќајот.
    • Забележете ја локацијата на вашето возило. Забележете ги обележјата како што се бензински пумпи, ресторани, трговски центри и деловни комплекси. Обидете се да се сетите на последното излезно место,  или на некои знаци во близина на вашата локација? Ова ќе биде корисно да се знае кога се јавувате за помош.
    •  Доколку возилото не е одстрането од сообраќај останете во возилото или во негова непосредна близина  и повикајте помош на пат на бесплатниот телефонски број 196 или обратете се до вашиот овластен сервисер.
    • Облечете рефлектирачко елече за да може да бидете лесно воочливи за останатите учесници во сообраќајот.Доколку настанатиот дефект не може да биде отстранет на самото место тоа значи дека возилото треба да биде транспортирано- влечено до првото безбедно место, првиот излез или до автомеханичарскиот сервис, во зависност од ситуацијата и околностите. Во таква ситуација треба да знаете дека според ЗБСП:
    • Моторно возило на пат може да се влече со помош на јаже, крута врска (руда) и со потпирање или бесење на возилото за влечното возило.
    • Со помош на јаже не смее да се влече моторно возило на кое не му се исправни уредите за управување или уредите за запирање, ниту товарно моторно возило и автобус.
    • Со крута врска не смее да се влече моторно возило кое нема исправен уред за управување, ниту моторно возило потешко од влечното возило, ако не му е исправна работната кочница.
    • Растојанието меѓу влечното и влеченото моторно возило, ако се влече со јаже изнесува три до пет метри, а ако се влече со помош на крута врска може да изнесува и помалку од три метри.
    • Ако моторно возило се влече со помош на јаже или крута врска, лицето кое управува со влеченото возило потребно е да има возачка дозвола за управување од онаа категорија возила на која му припаѓа возилото кое се влече.
    • Моторно возило,  кое на пат влече друго неисправно моторно возило, не смее да се движи со брзина поголема од 40 km/h.
    • Моторно возило може да влече друго неисправно моторно возило ноќе и дење во услови на намалена видливост, ако на влеченото возило се вкучени покажувачи на правците и светлата за означување на возилото или ако моторното возило употребува жолто ротационо светло.
    • За време на влечењето на возило,  на  возилото  кое влече треба да бидат вклучени покажувачи на правците, исто и на влеченото возила ако се исправни. Двете возила треба да бидат обележани со сигурносен триаголник. Сигурносниот триаголник на возилото кое влече  се поставува на предната страна, додека на возилото кое е влечено на задната страна.
    •  Со влеченото возило забрането е превоз на лица, со исклучок на возачот кој го управува возилото.
    • Влечење на натоварено товарно возило со или без приклучно возило, односно трактор со приклучно возило, е дозволено само до првото место погодно за претовар на товарот, а по исклучок и до првото место на кое може да се отстрани неисправноста на возилото.

    Запомнете! Во вакви непријатни ситуации најважно од се е да останете безбедни вие и останатите учесници во сообраќајот. Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира и во вакви ситуации максимално да ги почитувате сообраќајните правила и прописи како единствен начин кој може да гарантира минимум безбедност за сите.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Неколку кратки совети како да го олесните патувањето во лето
    Следна Објава:
    Помала брзина за помалку жртви на патиштата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS