Вие сте тука

РСБСП со одговори: Која е целта и како правилно да користете сигурносен појас ?

Сигурносниот појас не влијае на тоа дали ќе се случи одредена сообраќајна незгода или не, но значително влијае на тоа какви ќе бидат последиците од сообраќајните незгоди. За жал фактите и состојбите покажуваат дека голем дел од возачите и патниците не користат сигурносен појас.  Со цел подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси РСБСП со одговори на неколку важни прашања поврзани со сигурносните појаси. 

- Која е целта и како правилно да користете сигурносен појас?

1. Основната цел на користењето на сигурносниот појас  е:

  • да ги чува возачот и патниците на своите места во случај на судир;
  • да се намали движењето на телото напред и назад во случај на фронтален судир и да се спречат повредите поради контакт со внатрешни делови од автомобилот;
  • да одземе голем дел од енергијата ослободена при судир и да ја дистрибуира и дисперзира  на појасот и разните делови од телото, ефикасно намалувајќи ги последиците од судирот на поединечните делови на телото;
  • да се обезбеди ефикасна заштита на возачите и патниците во комбинација со воздушно перниче и други безбедносни елементи (потпирачи за глава, ергономски седишта, шасија на возилото, и др).   Важно е да се истакне дека кај голем дел од современите моторни возила вклучувањето на воздушните перничиња во случај на сообраќајна незгода  е условено од користењето на сигурносниот појас.

-Како правилно да го  користете и одржувате сигурносниот појас и  како правилно да го прицврстите за телото?

За да може целосно да се исползуваат ефектите од сигурносниот појас  многу важно е истиот правилно да се користи и затоа важно е да ги знаете следниве детали:

  • Горниот дел на појасот се протега преку рамото (не преку вратот), а долниот дел се протега  под стомакот и над колковите;
  • Вметнете го  „јазикот“ – металниот дел од појасот во бравата за закопчување  се додека не чуете „КЛИК“;
  • Појасот  треба да биде прилепен  што е можно поблиску до телото, ако тоа не случај, тогаш е потребно дополнително затегнување;
  • Појасот не смее  да биде заплеткан и лабав.
  • Ако возилото учествувало во сообраќајна незгода, сите користени безбедносни појаси треба да се заменат, дури и ако штетата не е видлива.
  • Треба да се проверуваат безбедносните ремени повремено за да се утврди потенцијална штета. Не користете агресивни средства за чистење, бидејќи тие можат да го ослабат ременот.
  • Специјалните  додатоци  кои наводно ја зголемуваат удобноста при користење појас спречуваат автоматско затегнување на појасот  и затоа се многу опасни. Појасот  не е  добро затегнат кога користите такви додатоци и на тој начин може да предизвикате сериозни повреди во случај на сообраќајна незгода.

 

РСБСП со апел: „ Биди паметен!  Не заборавај!  Возачите и патниците секогаш мора да користат сигурносен појас.  Дури и на  најкратките патувања.“

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот