Вие сте тука

РСБСП со апел: Паркирај совесно, не го зафаќај  местото резервирано за возилата на лицата со  посебни потреби!

Сообраќајниот метеж и големиот број на моторни возила често пати создава тешкотии и нервози кај возачите во потрагата по слободни места за паркирање. Дополнителен проблем претставува фактот што еден дел од возачите се паркираат непрописно па понекогаш зафаќаат место за две или повеќе возила или пак се паркираат на начин на кој што блокираат едно или повеќе возила, па дури и цели улици, влезови во деловни објекти, згради итн. Друг дел од возачите паркираат на тротоар, на пешачка или велосипедска патека односно на недозволени места, на приватни паркинг места, на места резервирани само за локални станари итн. 

Секое погрешно паркирање значи прекршување на законот и загрозување на безбедноста на учесниците во сообраќајот. Покрај тоа, паркирањето е одраз на личната култура, етика и одговорност на возачот. Доколку возачите покажат повисоко ниво на толеранција и култура во паркирањето барем делумно ќе бидат надминати проблемите и нервозите со кои се сочуваат самите тие, бидејќи нередот создава дополнителен неред и хаос, а редот и дисциплината значат еднаква можност за сите.

Секое погрешно паркирање е опасно и недозволено, но паркирањето на местата резервирани за возилата на лицата со посебни потреби покрај тоа што е незаконски акт, тоа е истовремено нехуман, неетички, нечовечки, себичен и безобзирен чин кој заслужува највисоко ниво на морална осуда.

Затоа, РСБСП апелира возачите да покажат повисоко ниво на култура, етика и одговорност, да паркираат совесно и свесно и да не ги зафаќаат местата резервирани за возилата на лицата со посебни потреби.  Оставете ги слободни паркинг места на оние на кои им се најпотребни. Проблемите со кои се соочуваат лицата со посебни потреби се доволни и не дозволувајте вие со вашето однесување дополнително да им го отежнувате  нивното  секојдневно  функционирање. Тоа е ваша хумана и ваша законска обврска.Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби и на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано како место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

#ПАРКИРАЈСОВЕСНО!    #ПАРКИРАЈОДГОВОРНО!

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот