РСБСП со апел: Летото е период кога се зголемува бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Бидете внимателни, концентрирани и возете одговорно! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Летото е период кога се зголемува бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Бидете внимателни, концентрирани и возете одговорно!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Летото е период кога се зголемува бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди. Бидете внимателни, концентрирани и  возете одговорно!
    14 јули 2020

    Како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во Република Северна Македонија, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди а 5164 лица се повредени.  Половина од сообраќајните незгоди со загинати лица минатата година се случиле во периодот од месец мај до месец септември.  Имајки ја во предвид ваквата состојба РСБСП со пораки совети и апели за безбедно лето и за одговорно учество во сообраќајот.„Оваа лето безбедноста нека ти биде на прво место!“  „ Вози одговорно, има некој кој те сака и кој те чека безбедно да се вратиш дома!“  „Брзото возење изнудува грешки кои најчесто завршуваат фатално!“ „Безбедното возење не е право на избор, безбедното возење е начин да преживееш!“- се само дел од пораките кои РСБСП ги упатува до учесниците во сообраќајот.

    Брзо возење, возење под дејство на алкохол,  замор, деконцентрација, непочитување на поставената сообраќајна сигнализација се водечки причини за предизвикување на сообраќајни незгоди во летниот период.  Најчеста причина со најсериозни последици по животот и здравјето на учесниците во сообраќајот е брзото возење.  Водејки се од ова  РСБСП уште еднаш ги потсетува  возачите на најважните обврски и одредби од ЗБСП кои се однесуваат на брзото возење, а кои треба секогаш да ги почитуваат како внимателни, совесни и одговорни возачи и личности:

                •  Возачот е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

                •  Брзината на движење е ограничена согласно условите на патот  и истата е одбележена со соодветен сообраќаен знак.

                 •  Брзото возење  ја загрозува безбедноста во сообраќајот и истото се санкционира со парична казна до  400 Евра во денарска противвредност, во зависност                          од тежината на сторениот прекршок, односно од големината на пречекорувањето на брзината.

                 • Брзото возење претставува закана за времено одземање на возачката дозвола до 12 месеци.

                   Брзото возење ве прави нервозни и агресиви. Агресивните и брзи возачи немаат можност да уживаат во  возењето и се соочуваат со голем број на стресни                          ситуации додека возат.

                 • Брзото возење значи поголема потрошувачка на гориво и негрижа за возилото.

     

    Почитувајте ги  правилата и прописите во сообраќајот, особено правилата за ограничување на брзината затоа што животот не дава втора шанса.

    НАМАЛИ  ЈА БРЗИНАТА, ТИ СИ ОДГОВОРЕН!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Бидете подготвени за возење на високи температури
    Следна Објава:
    Јавен повик за учество во сообраќајно едукативна акција „Летна школа за млади мотоциклисти“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS