РСБСП со апел: „Безбедноста нека ви биде на прво место, почитувајте ги прописите и правилата во сообраќајот- секогаш и секаде! “ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: „Безбедноста нека ви биде на прво место, почитувајте ги прописите и правилата во сообраќајот- секогаш и секаде! “

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со апел:  „Безбедноста нека ви биде на прво место, почитувајте ги прописите и правилата во сообраќајот- секогаш и секаде! “
    1 септември 2020

    Статистичките податоци покажуваат дека во летниот период, односно во летните месеци, доаѓа до речиси двојно зголемување на бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди во однос на останатите месеци од годината.  Дополнително ризикот се зголемува кога станува збор за празници односно за продолжен викенд во сезона на годишни одмори,  а токму такви се деновите  кои доаѓаат.

    Токму затоа, РСБСП со апел за одговорно учество во сообраќајот и со потсетување на возачите за дел од правила и прописи кои не само што треба да ги познаваат,  туку и редовно треба да ги почитуваат:

    1.Возачот секогаш е должен да ја прилагоди брзината според условите во кои се одвива сообраќајот и според состојбата на патот.

      Брзината на движење, на патиштата во Република  Северна Македонија е ограничена  и тоа:

                        -130 км/час на автопат

                        -110 км/час на пат резервиран за моторни возила

                        – 90 км/час на останатите патишта

      Најголема дозволена брзина во населено место е 50 км/час.

      Непочитувањето на оваа законска одредба во зависност од големината на пречекорувањето се санкционира со парична глоба од  10 до 400 ЕУР.

    2.  Во Република  Северна Македонија, користењето сигурносен појас во возилото е задолжително не само за возачот, туку и за лицата кои се превезуваат во возилото. Употребата на појасот е задолжителна за патниците на  сите седишта кај кои фабрички е вграден сигурносен појас.

    За непочитување на оваа законска обврска предвидена е парична глоба во износ од 40 ЕУР за возачот, односно 50 ЕУР за лицата кои се превезуваат во возилото.

    3. Дозволено количество алкохол во крвта кај возачите изнесува 0,5 промили. Кај професионалните возачи и возачите почетници не е дозволено никакво количество алкохол во крвта (0,0 промили). 

    Глобата за непочитување на оваа законска обврска изнесува од 225 до 375 ЕУР.

    4. На предното седиште во возилото не смее да се превезуваат деца до 12 годишна возраст и лица кои се под дејство на алкохол.

    За непочитување на оваа одредба од Законот, предвидена е парична глоба во износ од 35 ЕУР.

    5.  Возачот додека го управува возилото не смее да користи мобилен телефон.

    За непочитување на оваа законска одредба предвидена е парична глоба во износ од 40 ЕУР.

    6.  Дете помало од 5 (пет) години, на задното седиште од возилото, смее да се превезува, во поставено посебно детско седиште, кое за седиштето од возилото е прицврстено со сигурносен појас или на друг соодветен начин.

    На предното седиште од возилото смее да се превезува дете до 2 (две) години, ако возилото нема заштитно воздушно перниче или ако воздушното заштитно перниче е исклучено и ако детето се превезува во посебно детско седиште поставено спротивно од правецот на движење на возилото, при што истото е прицврстено на седиштето на возилото со помош на сигурносен појас со три точки на поврзување.

    За непочитување на оваа законска одредба предвидена е парична глоба во износ од 35 ЕУР.

    РСБСП потсетува дека како последица на неодговорното учество во сообраќајот, изминатата година во Република Северна Македонија, 132 лица го загубија животот во сообраќајни незгоди, а 5164 лица беа  повредени.

    Во првите 6 месеци од 2020 година,  43 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди,  а околу 2500 лица се повредени.

    Согласно тоа,  РСБСП со апел: Бидете одговорни учесници во сообраќајот, секогаш и секаде, почитувајте ги сообраќајните правила и прописи. Безбедноста на прво место!

    #Возиодговорно

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    “Летна кампања 2020”-Безбедноста на прво место!#ВОЗИОДГОВОРНО 
    Следна Објава:
    Потпишан меморандум за соработка со РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS