РСБСП: СИТЕ СМЕ ПЕШАЦИ – ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: СИТЕ СМЕ ПЕШАЦИ – ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАЈРАНЛИВАТА КАТЕГОРИЈА УЧЕСНИЦИ ВО СООБРАЌАЈОТ!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Пешаци
    РСБСП: СИТЕ СМЕ ПЕШАЦИ – ДА ЈА ЗАШТИТИМЕ НАЈРАНЛИВАТА  КАТЕГОРИЈА УЧЕСНИЦИ ВО  СООБРАЌАЈОТ!
    21 март 2022

    Пешаците се најбројна и најранлива категорија учесници во сообраќајот. Секој човек е пешак, а потоа возач на моторно возило, велосипедист итн.

    Од 25% до 30% од вкупниот број на загинати лица во сообраќајни незгоди се пешаци. Изминатите години бројката на загинати пешаци на ниво на Република Северна Македонија се движи околу 30 загинати и околу 750 повредени пешаци во сообраќајни незгоди.

    Според статистиката на СЗО, годишно, на светско ниво, околу 1,3 милиони лица го губат животот во сообраќајни незгоди, а околу 50 милиони се повредени во сообраќајни незгоди.

    Постои стереотип дека пешаците спаѓаат во најнедисциплинираните учесници во сообраќајот, мкако и дека за нивното учество во сообраќајот не постојат правила и прописи. Ваквото однесување на голем дел од пешаците, преку личен пример се пренесува и кај децата, па многу често децата – пешаци страдаат во сообраќајни незгоди.

    Дополнителна опасност за безбедноста на пешаците претставува и однесувањето на возачите, од кои, поголемиот дел не ги почитуваат пешаците како рамноправни учесници во сообраќајот. Последицата од таквиот пристап е високата бројка на загинати пешаци во сообраќајни незгоди на годишно ниво.

    За безбедно преминување на улицата потребно е максимално и целосно почитување на сообраќајните правила и прописи и од страна на пешаците и од страна на возачите.

    Најважно е да се знае дека во сообраќајот не постои апсолутно право на првенство на минување. Тоа значи дека возилата се должни да ги пропуштат пешаците на пешачки премин, но истовремено секој пешак треба да ја преминува улицата на пешачки премин откако претходно ќе биде сигурен дека возилата кои се движат по улицата се во можност безбедно да застанат. 

    Пешачкиот премин е вистинското место каде што треба да се помине улицата, но времето на поминување зависи од случувањата во сообраќајот. Се разбира, доколку има семафори, тие го регулираат поминувањето на пешачкиот премин.Гледај,  види и биди виден е златното правило на кое треба да се научат децата заради осигурување на нивната безбедност во сообраќајот.

    Секој загубен човечки живот во сообраќајна незгода е огромна загуба за семејството и општеството, затоа РСБСП упатува апел до сите учесници во сообраќајот:

    Уживајте во убавините на животот и не дозволувајте да бидете дел од црната статистика. Вашиот живот не е обична бројка. Бидете внимателни и одговорни во сообраќајот и бидете позитивен пример за сите останати учесници во сообраќајот.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Средба на претседателот Пендаровски со Гордана Кожуваровска, претседателка на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
    Следна Објава:
    Одржан вебинар на тема –  „Малолетничка делинквенција со посебен осврт кон сообраќајни кривични дела“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS