РСБСП: Корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП: Корисни совети за безбедно возење мотоцикл во услови на дожд
    17 јуни 2020

    Променливото време и честата појава на дожд во одредени делови од денот може да биде многу непријатна за мотоциклистите. Имајќи предвид дека оваа е многу честа појава и многу мотоциклисти често се затекнати од дождот,  РСБСП со корисни совети за мотоциклистите како безбедно да возат  мотоцикл во услови на дожд:

    •  Прво и основно е да се избегнува возење мотоцикл по дожд и влажни коловози  доколку немате неопходна потреба. Возењето мотоцикл на влажни коловози бара повеќе концентрација, искуство и вештини,  затоа не управувајте мотоцикл на влажен коловоз  доколку не сте соодветно подготвени.

    •  Доколку времето е променливо, добро испланирајте ја рутата и одберете места каде што може да се засолните доколку Ве затекне невреме. •  Доколку дождот е силен и пороен направете пауза на првото место кое е соодветно за тоа.

    •  Намалете ја брзината и возете многу бавни и внимателно и по цена да ве наврне. Во услови на дожд и влажни коловози,  сите остатоци од масло, гориво  и нечистотии  го прават коловозот  лизгав, несигурен и небезбеден.

    •  Избегнувајте ги местата  со насобрана вода кои под својата површина може да кријат кал, песок или чакал и на тој начин да  дојде до лизгање  на тркалата на мотоциклот.

    •  Држете безбедно растојание затоа што сопирачкиот пат на мотоциклот е подолг на влажни коловози.

    •  Носете водоотпорна заштитна облека и опрема. Почнувајќи од кацигата која не треба да се замаглува, па до оделото, ракавиците и чевлите, сите треба да се водоотпорни. Носете облека која има флуоресцентни делови на неа, на задниот дел на мотоциклот ставете флуоресцентна лента за полесно да ве забележат останатите возачи.

    •  Пред да тргнете да возете на влажен коловоз размислете дали имате соодветни и добри гуми. Доколку вашите гуми се мазни тогаш најдобро е воопшто да не се обидувате да возете на влажен коловоз.

    •  Сопирајте постепено, забрзувајте постепено, свртувајте постепено. Избегнувајте нагли дејствија, нагло запирање, забрзување и нагло свртување затоа што во такви услови веројатноста да дојде до лизгање на мотоциклот е голема.

    •  Внимавајте на патот. Белите линии на коловозот, влажните метални капаци на патот, кал и вода, во услови на дожд може да бидат поопасни и полизгави од мраз.Возењето мотоцикл бара многу знаење, енергија, вештини и стабилен карактер. Почитувајте ги наведените совети, тие се наменети за сите мотоциклисти а посебно се корисни за помладите и помалку искусни мотоциклисти.

    РСБСП со апел: Биди вистински мотоциклист, вози одговорно и секогаш носи кацига.   #БЕЗБЕДНОНАМОТОР  # НОСИКАЦИГА

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП: Корисни совети за поголема безбедност на мотоциклистите во сообраќајот
    Следна Објава:
    Децата и нивната безбедност во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS