Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на градскиот плоштад во Охрид, во непосредна близина на пристаништето организира голем превентивно-едукативен настан „Караван за безбедноста во сообраќајот“ заеднички со полициски службеници и Отсекот за превенција при МВР-СВР Охрид. Црвениот Крст на Република Македонија и своите партнери и соработници (Факултет за безбедност – Скопје, АМСМ, Македонско Радио и ОКТА). Оваа активност се спроведува во рамки на националните кампањи за подигнување на свеста за безбедност во сообраќајот, насочени кон сите категории учесници во сообраќајот – возачи на автомобили, мотоциклисти, велосипедисти, возачи на електрични тротинети и пешаци.
Посетителите имаа можност одблизу да се запознаат со превентивните програми, едукативните материјали и практичните совети за безбедно учество во сообраќајот. Голем интерес предизвика едукативно-интерактивната активност во рамки на кампањата #НеПијКогаВозиш, каде што присутните имаа можност со користење на т.н. „пијани очила“ – специјално едукативно средство кое симулира состојба на нарушена рамнотежа, заматен вид и забавена реакција, да ја увидат опасноста и влијанието на алкохолот врз психофизичката состојба на возачот при управување со возило.
Во рамки на превентивните активности, два посебни патролни тима на РСБСП и МВР-СВР Охрид се движеа низ центарот на градот. Првиот тим работеше на директна едукација на возачите на автомобили – потсетувајќи ги на клучните правила и препораки од актуелните кампањи #СтавиПојас, #НеКористиМобиленКогаВозиш, #ПаркирајСовесно и #НеПијКогаВозиш. На возачите им беше укажано дека носењето сигурносен појас и неупотребата на мобилен телефон додека возат се меѓу најважните фактори за спречување на сообраќајни несреќи и спасување човечки животи.
Вториот патролен тим ја насочи својата едукација кон велосипедистите, мотоциклистите со особен фокус кон возачите на електрични тротинети. Акцентот беше ставен на обврската за носење заштитна кацига, почитувањето на дозволените брзини и законските одредби за движење на оваа категорија учесници во сообраќајот, кои не само што го намалуваат ризикот од повреди, туку директно придонесуваат за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
Кампањата предизвика големо внимание и силен интерес од страна на локалното население и бројните туристи кои овој викенд престојуваат во Охрид. Големиот интерес се рефлектираше преку бројните прашања од посетителите, кои бараа совети за унапредување на своите вештини за безбедно учество во сообраќајот и активно се вклучуваа во практичните едукативни активности.




Со безбедносниот сообраќаен карван во Охрид, РСБСП и СВР Охрид уште еднаш ја потврдија својата заложба за намалување на бројот на сообраќајни несреќи и унапредување на безбедноста на патиштата, потсетувајќи дека свеста и одговорноста преку почитувањето на правилата и прописите се темелот на безбеден сообраќај. РСБСП Карванот за безбедност во сообраќајот продолжува со активности и во останатите градови ширум државата.
ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА – ПОЧИТУВАЈ ГИ ПРАВИЛАТА!













