РСБСП донираше техничка опрема за потребите на сообраќајната полиција – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП донираше техничка опрема за потребите на сообраќајната полиција

    1. Насловна
    2. РСБСП
    6 декември 2016

    Сообраќајните незгоди и опасноста која ги демне учесниците во сообраќајот секојдневно, ја наметнуваат потребата од засилени и сестрани активности на сите надлежни институции со цел намалување на бројот на загинати и повредени лица  во сообраќајни незгоди.

    Согласно тоа, а со цел унапредување на процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата, МВР и РСБСП во изминатиот период реализираа соработка од која плод е донација на техничка опрема – професионални  батериски ламби за потребите на сообраќајната полиција.

    Техничката опрема наменета за потребите на сообраќајната полиција беше промовирана од страна на Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Д-р Оливер Андонов и Претседателот на РСБСП М-р Стојче Стаменковски. Донацијата се состои од 35 батериски ламби со вредност од 300 илјади денари кои ќе бидат наменети за потребите на униформираната сообраќајна полиција.

    „Примената на современата  техничка опрема во процесот на управување и контрола на сообраќајот на патиштата  значително ќе ја зголеми ефикасноста на работата на сообраќајната полиција и ќе го зголеми обемот  и квалитетот на извршените контроли и проверки од страна на полицијата. РСБСП и МВР и во минататото се пример за исклучителна меѓуинституционална соработка и поддршка која ќе продолжи и понатаму. Зајакнување на капацитетите на сообраќајната полиција е стратешка цел на МВР, но и  еден од приоритети од втората национална стратегијата за унапредување на  безбедноста на сообраќајот на патиштата. Оваа донација е мала, но доста значајна за МВР и Бирото за јавна безбедноста.“ – истакна Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, д-р Оливер Андонов потенцирајќи дека соработката со РСБСП ќе продолжи и во наредниот период  на сите ниво и во повеќе области.

    „РСБСП остварува одлична соработка со сите надлежни институции, а посебно соработката со Министерството за внатрешни работи  е силна и постојана. Согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата,  РСБСП има обврска дел од своите средства да ги намени за модернизација на опремата за сообраќајната полицијата.  Во таа насока денес ви ги презентираме батериските ламби кои Министерството за внатрешни работи ценеше дека ќе им бидат потребни како техничка поддршка при контролата на сообраќајот и на учесниците во него. Денешната донација значи поддршка во зајакнување на капацитетите на униформираните полицајци и треба да биде помош за решавање на секојдневните ситуации со кои се соочуваат тие, судирајќи се со предизвикот да спасуваат човечки животи, да ја подобруваат безбедноста на сообраќајот на патиштата, а истовремено да работат законски и да ги почитуваат основните човекови права.“ – истакна Претседателот на РСБСП во своето обраќање.

    Двете страни заеднички констатираа дека безбедноста во сообраќајот и понатаму останува стратешки приоритет на сите инситуции во Македонија и упатија апел  до граѓаните за безбедно и одговорно учество во сообраќајот и за почитување на сообраќајните правила и прописи. 

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Зимата не дава втора шанса
    Следна Објава:
    Едукативен автобус ОУ “Ацо Шопов” Бутел
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS