Претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски, и членови на Советот беа дел од „III Конгрес за патишта – 2025”, што се одржа на шести и седми ноември во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје. Во организација на Друштвото за патишта на Република Македонија.

Овој стручен и меѓународен конгрес претставува место на кое се среќаваат врвни експерти од државата и странство, институции и компании од областа на градежништвото и инфраструктурата од патната инфраструктура и безбедноста на сообраќајот.
На конгресот учество земаа експерти од земјава и повеќе европски држави и кои ги споделија позитивните искуства во областа на безбедноста во сообраќај на патиштата, а на истиот со два научни трудови учествуваа претседателот и членовите на РСБСП.
Овогодишното издание на Конгресот беше посветено на современите предизвици во изградбата, одржувањето и унапредувањето на патната мрежа, како и на новите технологии и политики за зголемување на безбедноста на патиштата.
Во рамки на конгресот, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата доби бронзена плакета за особен придонес во унапредувањето на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

Ова признание претставува потврда за континуираната работа, ангажман и стручност на Советот во насока на намалување на бројот на сообраќајни незгоди и подигање на свеста за безбедно однесување во сообраќајот.
Претседателот Ангеловски сподели дека признанието е дополнителен мотив за РСБСП да продолжи со уште поголем интензитет да работи на проекти и иницијативи кои ќе придонесат кон создавање побезбедни патишта за сите учесници во сообраќајот.

РСБСП останува посветен на својата мисија – да придонесеме за побезбедни сообраќајници, а безбедноста да биде приоритет за сите учесници и чинители во сообраќајот.