РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана” – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    23 септември 2025

    Денес во Скопје на покана на Факултетот за безбедност-Скопје, Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), м-р Горан Ангеловски, беше дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголемата безбедносна закана: Безбедносно-стратешки пристапи за решавање на сложените предизвици” во организација на Факултетот за безбедност Скопје.

    На конференцијата на која учество земаа бројни домашни и меѓународни експерти, професори, претставници на институции и организации, беа присутни и деканот на Факултетот за Безбедност – Скопје, Јонче Ивановски како и Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

    Настанот претставува можност за размена на искуства, идеи и добри практики за унапредување на безбедноста и превенцијата, со акцент на важноста од заедничко делување меѓу институциите.

    Присуството на РСБСП на конференцијата е потврда за континуираниот ангажман и активната улога на Советот во креирањето и поддршката на политики за зголемување на безбедноста во сообраќајот.

    Соработката меѓу Факултетот за безбедност и РСБСП продолжува да бележи успеси и конкретни резултати преку бројните кампањи кои ги спроведува РСБСП во насока на унапредување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

    " Меѓународна Конференција, РСБСП, Факултет за безбедност Скопје
    Претходна Објава:
    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст
    Следна Објава:
    Стапуваат на сила новите измени на ЗБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    РСБСП дел од „Меѓународна конференција за одржлива урбана мобилност“

    Последни објави од РСБСП

    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“
    • Претседателот на РСБСП на прв академски час од новата академска година на Факултетот за безбедност – Скопје
    • Стапуваат на сила новите измени на ЗБСП

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS