РСБСП апелира: Внимателно возење за безбедни празници – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП апелира: Внимателно возење за безбедни празници

    1. Насловна
    2. РСБСП
    РСБСП апелира: Внимателно возење за безбедни празници
    14 април 2017

    Велигденските празници го навестуваат првиот продолжен викенд оваа пролет.  Пред нас се прекрасни празнични денови кои ќе ги поминеме во семејно опкружување исполнето со многу љубов и благосостојба и ќе одмориме од секодневните обврски.

    Водејќи се од минатогодишните искуства, кога за време на празници и продолжени викенди значително се зголемува интензитетот на сообраќајот, а со тоа и бројот на сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, до сите учесници во сообраќајот, апелира:

    • возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи
    • почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација, и посебно внимавајте на патните правци каде што има можност од одрони или се вршат градежни работи на патот
    • не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол, макар и со испиена една чашка-две и
    • почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

    Да не дозволиме спокојството и мирот од овие прекрасни празници да се претворат во нечија семејна трагедија само како последица на нечија грешка, погрешна одлука, нетрпеливост, непромисленост, желба за докажување, итн.

    РСБСП посебен апел упатува до младите возачи, како најранлива категорија учесници во сообраќајот, трезвено и одговорно да учествуваат во сообраќајот бидејќи само така ќе пристигнат безбедно на саканата десинација. „Совесното учество во сообраќајот е одраз на одговорни и стабилни лица и затоа уште еднаш апелирам за младост без лудост, за одговорно и внимателно учество во сообраќајот затоа што сообраќајот не е игра, а последиците и загубите од сообраќајните незгоди се фатални, трајни и ненадоместливи“–потенцира претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Стојче Стаменковски.

    Оние кои одлучиле да отпатуваат на подалечна дестинација, РСБСП ги советува:

     – задолжително испланирајте го своето патување,

    –  направете техничка проверка на возилото и

    – патувајте одморени и концентрирани.

    Праксата покажува дека за продолжените викенди сообраќајниот метеж го отежнува возењето, но бидете толерантни и трпеливи, не престигнувајте непрописно, држете безбедно растојание и избегнувајте слалом возење.

    „Безбедното одвивање на сообраќајот на патиштата зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Да не се каеме за последиците, да бидеме благовремено одговорни учесници во сообраќајот. Внимателно и одговорно учество во сообраќајот, внимателно возење за безбедни и убави празници“-е апелот кој во пресрет на празниците до граѓаните на Република Македонија го испрати државниот секретар во Министерството за внатрешни работи, м-р Сања Димитриевска.

        

     

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „Младост без лудост“ – нова кампања на РСБСП
    Следна Објава:
    Едукативен автобус ООУ “Кочо Рацин” Општина Центар
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS