Согласно датумите за одржување на сообраќајно воспитните манифестации „Детски семафор“ и „Сообраќајно техничка култура на младите“, оваа година на 13.05.2016 година во ООУ „Војдан Чернодрински“ Карпош, се одржа регионалниот натпревар „Детски семафор“ за Град Скопје.
На натпреварот учествуваа екипи од општините Карпош, Аеродром, Гази Баба, Бутел, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Петровец, Бутел, Чаир и Центар.
За детален увид во тоа кои се учесниците кои се пласираат на државниот натпревар, поединечните резултати може да се погледнат на следниот линк: Резултати Регионален натпревар “Детски семафор“ 2017 Скопје.