Вие сте тука

Работна средба на Претседателот на РСБСП и М-р Драги Змијанац, Извршен директор на првата детска амбасада "Меѓаши"

Претседателот на РСБСП, М-р Гордана Кожуваровска, секретарот Владимир Лазавор и М-р Драги Змијанац, извршниот директор на Првата детска амбасада “Меѓаши”, одржаа работен  состанок.
Целта на состанокот беше подобро  запознавање со досегашната работа и тековните активности на двете институции и утврдување на конкретни насоки за идна соработка.
На состанокот беше завземен заеднички став дека безбедноста во сообраќајот е многу повеќе од стекнување знаење и справување во одредени ситуации. Тоа првенствено е желба да се променат ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот. Затоа, навремената едукација на децата за сообраќајните правила и прописи, заложбата за нивна подготовка за успешно вклучување во сообраќајот во иднина како пешаци, возачи, или патници, како и промената на ставовите и однесувањето на сите учесници во сообраќајот, е концепт кој неминовно ќе даде резултати во насока на постигнување поголема безбедност на децата во сообраќајот.
За таа цел, состанокот беше искористен и да се стави во функција идното планирање и организирање на заеднички активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, посебно на најранливата категорија - децата. Да ги искористиме сите ресурси на нашите институции и да се погрижиме да имаме безбедни деца кои ќе бидат безбедни учесници во сообраќајот затоа што децата се нашето најголемо богатство, нашата иднина. Да ја заштитиме нашата иднина!

Цели групи

  • Автомобили
  • Велосипедисти
  • Деца во сообраќајот
  • Млади
  • Моторциклисти
  • Пешаци

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот