Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) на 02 декември 2025 година, во хотел „Александар Палас“ во Скопје, ја организираше Првата национална конференција „Безбедност на сообраќајот во локалната самоуправа“ – настан, прв од ваков вид, посветен на унапредување на локалните политики, практики и стратегии за подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата во општините низ државата.
На конференцијата учество земаа градоначалници и претставници од единиците на локалната самоуправа, како и претставници од извршната власт, Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, ЗЕЛС и РСБСП.
Конференцијата имаше за цел да ги обедини претставниците од локалните самоуправи, релевантните институции, стручната јавност, универзитетите, невладиниот сектор и експертите од областа на сообраќајната безбедност, со цел да се разменат искуства, споделат предизвици и добри практики кои придонесуваат за намалување на сообраќајните незгоди и заштита на сите учесници во сообраќајот.
Со потпишувањето на ваквата декларација, локалната самоуправа за првпат јасно ја изразува својата подготвеност за заеднички заложби, координирани акции и континуирано вложување во подобрување на безбедносната состојба во сообраќајот на патиштата.
- современи пристапи во планирањето и управувањето со сообраќајот во локалните заедници,
- улогата на општините во превенција на сообраќајни ризици,
- безбедноста на пешаци, велосипедисти и ранливи категории учесници,
- инфраструктурни решенија и иновации,
- улогата на едукацијата и кампањите во подигање на јавната свест.
„Очекуваме конференцијата да биде силен поттик за општините да преземат активна улога и да ги применат препораките, добрите практики и искуства кои ќе бидат претставени на оваа конференција. Само со здружени напори и унапредување на меѓу институционалната соработка може да создадеме безбедна средина во сообраќајот за сите граѓани.“ – потенцираше претседателот Ангеловски.
Конференцијата претставува значаен чекор во насока на создавање посигурни локални заедници и иницирање структурни промени во начинот на кој општините го третираат сообраќајот и неговата безбедност.