Продолжуваат панел дискусиите на вториот ден од Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Продолжуваат панел дискусиите на вториот ден од Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    1 октомври 2016

     Панел дискусиите на  вториот  ден од Првата меѓународна конференција за безбедност на сообраќајот на патиштата ги отвори г. Мирко Гигов од АМСМ, кој даде краток вовед во iRAP програмата.

     АМСМ е официјален член на iRAP и EuroRap програмата од 2008 година и лиценциран претставник на истите за Република Македонија. iRAP е непрофитна организација која во партнерство со владини и невладини организации од целиот свет врши оценување на високоризичните патишта и развива инвестициски планови за безбедни патишта, обезбедува технологија и поддршка за градење и одржување на националните, регионалните и локалните капацитети, како и мерење на патните перформанси со што овозможува инвеститорите да ги проценат бенефициите од своите инвестиции. Тој истакна дека интензивните соработки  со релевантните институции, кои придонесуваат за безбеден сообраќај и креирањето законски предуслови за редовно спроведување на Програмата, пред и по секоја реконструкција и рехабилитација на патната мрежа во Република Македонија и понатаму ќе продолжи.  Г.Гигов понатаму посочи дека мисијата на iRAP е да креира свет без високо ризични  патишта преку оспособување на другите да ги користат нејзините алатки и технологија низ целиот свет.

    „Пациентите не нѐ бираат нас, ние ги бираме нив со тоа што сме ја одбрале оваа професија која што мора да ја водиме многу совесно бидејќи секоја наша грешка може да ги чини живот“ – истакна професор д-р Камиловски на втората панел дискусија. Тој во својата презентација ги презентираше најчестите повреди при сообраќајки и кои делови од телото најмногу страдаат. Најчести повреди се повреда на карлица и вратни пршлени, како и повреда на белите дробови, повреди на витални делови од телото кои се предуслов за смрт кај повредениот. Повредите се водечки причини за смртност на младата популација, а најчести причини се брзината, заморот, алкохолот и употреба на мобилен телефон додека управуваме со моторно возило.

    На прво место како најголем причинител и ризик-фактор кој влијае врз предизвикување сообраќајни несреќки со смртни последици, е факторот човек.

    Во светот дневно животот во сообраќаајни несреќки го губат 3400 луѓе, односно секојдневно умираат мажи, жени и деца кои никогаш нема да се вратат во своите домови.  

    На панел дискусијата д-р Камилоски одговори на повеќе прашања на присутните меѓу кое и на прашањето дали докторска грешка може да чини живот и потенцираше дека не постои доктор кој нема да стори сѐ што е во негова можност за да спаси човечки живот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Панел дискусии на првиот ден од Конференцијата
    Следна Објава:
    Втор дел панел дискусии
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS