Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    9 јули 2025

    Во рамки на летната кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“, денес на Граничниот премин Меџитлија – Битола се одржа превентивно-едукативна активност за подигање на свеста кај возачите за значењето на заморот при управување со возило во летниот период.

    Активноста беше организирана од страна на РСБСП и Отсекот за превенција при СВР Битола во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Битола, а поддржано од
    компанијата ОКТА и Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) и медиумскиот покровител – Македонското радио. На граничниот премин на возачите и патниците им беа делени превентивно едукативни материјали (вода, капи, маички и автомобилски освежувачи – фрешери) со корисни препораки за безбедно патување, со цел да се поттикнат возачите на подолгите патувања да прават паузи од 15 минути на секои два часа возење, да возат одморени почитувајќи ги сообраќајните правила и прописи бидејќи заморот е една од почестите причини за случување сообраќајни незгоди со потешки последици во летниот период.

    РСБСП и во наредниот период продолжува со засилени превентивно-едукативни активности со цел подобрување на состојбата со безбедноста во сообраќајот на патиштата.

    " Автомобили, Безбедно во лето, Битола, Вози Одморен, Граница, Кампања, Македонија, Меџитлија
    Претходна Објава:
    РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    Следна Објава:
    РСБСП во Кавадарци: „БезбедноНа Мотор“ и „Заврти на сигурно“ – Кацигата на глава, безбедност и сигурност дава!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS