Почитување на правилата и прописите во сообраќајот и повисока сообраќајна култура, зa поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Почитување на правилата и прописите во сообраќајот и повисока сообраќајна култура, зa поголема безбедност на велосипедистите и мотоциклистите

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Велосипедисти
    Почитување на правилата и прописите во сообраќајот и повисока сообраќајна култура, зa  поголема безбедност на  велосипедистите и мотоциклистите
    24 мај 2018

    Податоците покажуваат дека бројот на велосипедисти и мотоциклисти – учесници во сообраќајот во Република Македонија, постојано расте. Љубовта кон велосипедот и мотоциклот, градскиот метеж, полесно паркирање, релативно поефтини во однос на другите моторни возила, без или со помала потрошувачка на гориво, итн., се само дел од причините зошто секојдневно гледаме се поголем број на велосипеди и мотоцикли на улиците  во Македонија.И покрај тоа можеме да кажеме дека за разлика од другите форми на мобилност, велосипедистите и  мотоциклистите и понатаму остануваат наjранливи групи на учесници во сообраќајот. Ако се земе во предвид делот од сообраќајот кој им припаѓа ним  и  нивното учеството во вкупниот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди ќе заклучиме дека број на загинати и повредени велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајни незгоди е несразмерно висок во однос на тоа во колкав дел од сообраќајот тие учествуваат.

    Факт е дека и велосипедистите и  мотоциклистите се помалку заштитени во споредба со другите возачи на моторни возила и со самото тоа и повеќе се изложени на ризик и опасности во сообраќајот, но исто така факт е и дека несоодветната сообраќајна инфраструктура, несовесните  возачи и ниското ниво на сообраќајна култура значително ја влошува безбедноста на  велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот.Имајки предвид дека следува  продолжен викенд,  а со тоа  се очекува и поголемо  учество на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот РСБСП најпрвин апелира до возачите на моторни возила да ја намалат брзината, да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот, правилно да пристигнуваат  и да ги почитуваат велосипедистите и мотоциклистите како рамноправни  учесници во сообраќајот.

    Воедно, РСБСП со апел и со совети за мотоциклистите  да бидат максимално одговорни во сообраќајот и максимално  да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, особено:

    • да ги почитуваат правилата за ограничување на брзината

    • да не престигнуваат непрописно односно  да не престигнуваат колона на возила и да не се движат помеѓу двете коловозни ленти

    • да не управуваат мотоцикл  под дејство на алкохол или психотропни супстанции,

    • секогаш да користатат заштитна кацига и заштитна облека,

    • да се движат во левиот или средниот  дел на коловозот и да ги избегнуваат „слепите агли“  на возилата ( освен кога се подготвуваат за престигнување)

    • да држат безбедно растојание

    • секогаш кога влегуваат во кривина  задолжително да ја намалат брзината,

    • секогаш бидете фокусирани на патот и случувањата во сообраќајот и внимавајте на возилата и пешаците

    • бидете предвидливи со вашето однесување во сообраќајот, не ги менувајте лентите брзо и неочекувано, т.е задолжително сигнализирајте за вашите намери во сообраќајот

    • бидете видливи и задолжително користете светла и дење и ноќе

    • редовна проверувајте ја техничката исправност на мотоциклот, особено исправноста на сопирачките и пневматиците

    • возачот на мотоцикл е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот и да се придржува за друго возило.Велосипедистите исто така треба да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и целосно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и поставената сигнализација. Најчести грешки кои ги прават велосипедистите  во сообраќајот се:

    • Управување на велосипед во ноќни услови и во услови на намалена видливост без соодветно осветлување

    • Управување на  велосипед на пешачки премин

    • Управување на велосипед  во спротивна насока од дозволената насока на движење,  а многу често и управување на велосипед во обратен правец на еднонасочна улица

    • Управување на велосипед без соодветна заштитна кацига

    • Управување на технички неисправен велосипед ( велосипед без сопирачки, без соодветни светлосни ознаки, итн).

    Единствено со меѓусебно почитување и толеранција од сите учесници во сообраќајот, со максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот,  може да  се намали бројот на настрадани велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајни незгоди, односно да се намали вкупниот број на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.  Затоа  РСБСП уште еднаш повикува  на одговорно учество во сообраќајот како редовна обврска на секој учесник во сообраќајот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Резултати од Државниот натпревар “Детски Семафор” и СТКМ 2018
    Следна Објава:
    Намерни или ненамерни грешки – причини за сообраќајни незгоди кај младите возачи
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS