Новости и активности

Вие сте тука

Нов паркинг за велосипеди - СЦ Борис Трајковски

Во рамките на напорите за зголемување на употребата на велосипедот како превозно средство во сообраќајот, РСБСП и СЦ “Борис Трајковски” денес заеднички го ставија во употреба паркингот за велосипеди кој е лоциран веднаш до службениот влез на Вип Арената во рамки на спортскиот центар.  Паркингот е донација од РСБСП како институција која континуирано вложува и реализира активности за подигнување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот.

Од страна на Стојче Стаменковски, Претседател на РСБСП беше истакнато дека поставувањето на велосипедскиот паркинг е дел од активностите на советот за промоција и популаризација на велосипедизмот во главниот град, но и за подобрување на безбедноста на велопедистите во сообраќајот. Воедно, беше испратена порака до сите учесници во сообраќајот да внимаваат и одговорно да се однесуваат кон велосипедистите како рамноправна и  ранлива категорија учесници во сообраќајот. РСБСП ќе ги поддржува и останува отворен за соработка и поддршка за сите институции кои вложуваат во велосипедската инфраструктура и се грижат за велосипедистите.   

Златко Перински, Директор на СЦ “Борис Трајковски” истакна дека како институција водат грижа за потребите и желбите на граѓаните, а со денешниот чин практично  се означува почетокот на една нова услуга која наскоро ќе започне да ја нуди СЦ “Борис Трајковски”, а ќе се состои од изнајмување на велосипеди наменети за сите оние кои сакаат истите да ги користат тренинг и рекреација во главниот град.  

Активноста се реализира во рамки на меморандумот за соработка кој што неодамна беше потпишан помеѓу РСБСП и СЦ “Борис Трајковски”, а кој меѓудругото предвидува заедничка реализација на активности за подобрување на безбедноста во сообраќајот како висока општествена цел.

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media